23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba го проширува своето облачно работење во Велика Британија

Alibaba го проширува своето облачно работење во Велика Британија

Единицата за облачни услуги на кинескиот гигант во електронската трговија „Alibaba Group Holding“ ги отвора првите центри за податоци во Велика Британија, со два објекта во Лондон, пишува „Bloomberg“.

Проширувањето е „мотивирано од брзо растечката побарувачка на потрошувачите“, рече портпаролот на компанијата. „Велика Британија е една од најбрзо растечките европски пазари за „Alibaba Cloud“.

Компаниите за облачни услуги отвораат центри за податоци во Европа, вклучувајќи ја и Велика Британија, и покрај зголемената неизвесност околу Велика Британија и Европската унија по „Brexit“.

Нивните активности се делумно предизвикани од владината побарувачка. Властите пренесуваат се повеќе и повеќе од нивните компјутерски операции во облачни услуги, но поради регулаторите или безбедноста на податоците се причини тие често мора да ги задржат информациите во рамките на националните граници.

Единицата „Alibaba Cloud“ што беше создадена во 2009-та година, се проширува надвор од Кина, упатувајќи директно предизвик до „Amazon Web Services“ – делот на американскиот гигант во електронската трговија што доминира на пазарот на облачни услуги.

Во моментов, „Alibaba Cloud“ е четвртиот најголем снабдувач на облак инфраструктура и сродни услуги во светот, зад „Amazon.com“, „Microsoft Corp.“ и „Гугл“, според извештајот од јуни на „Synergy Research Group“.

Кинеската компанија ги позиционираше првите европски центри за податоци во Франкфурт, во рамките на партнерство со „Vodafone Group“ во 2016-та година, што му овозможи на мобилниот оператор да препродава облачни услуги од „Alibaba Cloud“, за чување и анализа на податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП