19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаправено во Германија: Opel прославува 120 години автомобилизам

Направено во Германија: Opel прославува 120 години автомобилизам

  • Кога коњите се преселија под хаубата: Opel започна со Patentmotorwagen во 1899 година
  • Мобилност за масите: Doktorwagen, Laubfrosch и Kadett го отворија патот
  • Од Lutzmann до Iinsgnia; 120 години производство на автомобили во Риселсхајм
  • Целта на компанијата до овој ден: Opel ја демократизира технологиите

Риселсхајм. Opel е еден од производителите на автомобили со најбогатата традиција во светот. Следната година, брендот ќе прослави 120 години автомобилизам. Откако ги послуша  советите на нејзините синови Карл, Вилхелм и Фридрих, Софи Опел одлучи да започне со производство на автомобили во 1899 година – четири години по смртта на основачот на компанијата Адам Опел. Она што започна во гаражата во Риселхајм на Мајна со 65 рачно изработени Opel Patentmotorwagen “System Lutzmann”, потоа стана масовен феномен и досега се направени повеќе од 70 милиони возила. Од самиот почеток, Opel ја застапуваше идејата за производство на автомобили колку што е можно поефикасно и на тој начин да ги направи прифатливи за широка публика. На пример, Opel беше првиот германски производител што во почетокот на 1924 година го претстави економското производство. Ова им помогна на Opel 4/12 PS “Laubfrosch”, и на  сите подоцнежни варијанти на Opel 4 PS да станат бестселери. Компанијата со седиште во Риселхајм веќе произведува технолошки напредни возила за масите со Opel P4 и Kadett  (веќе со самоносечкo тело) во 30-тите години од минатиот век. Произведено во Германија и германскиот инженерство станаа достапни. Opel дури и остана верен на ова демократизирање на мобилноста при развојот на спортски автомобил: Достапен автомобил од соништата се појави на патиштата во 1968 година во Opel GT.

Бреднот игра водечка улога во сите сегменти – моделите како што се Opel Kadett, Rekord и Kapitan го карактеризираат периодот на реконструкција и периодот на економското чудо. Потоа следеа стилскиte икони како што се Opel GT, Manta и Monza. Во 80-тите и 90-тите години од минатиот век моделите како Corsa, Astra и Zafira потоа станаа бестселери и симболи за повторно обединување. По падот на Берлинскиот ѕид и отворањето на фабриката во Ајзенах, Opel стана попопуларен од кога било досега. Првата генерација Astra беше произведена vo 4,2 милиони примероци помеѓу 1991 и 1998 година, што го направи како најпроизведуван модел на Opel досега. До овој ден, производителот од Риселсхајм е цврсто закотвен во центарот на општеството и нуди технологии кои вообичаено се резервирани за скапи премиум автомобили. Иновативните решенија, како што е IntelliLux LED® матричното светло во компактната Astra (Автомобил на годината за 2016), како и во знаменосецот Insignia, активните ергономични седишта со сертификат за AGR (достапни во многу возила) или широк спектар на системи за помош за поголема безбедност и удобност (сите возила) се типични за Opel.

Од Lutzmann до Doktorwagen: Пионерски години

Opel се приклучува на редовите на пионерите во автомобилизмот од крајот на 19-тиот век, кои ги вклучуваат Daimler, Benz и Peugeot со купување на фабриката за моторни возила на Фридрих Луцман. Пролетта 1899 година, првото Opel моторно возило “System Lutzmann” е направено во Риселсхајм. Две години подоцна, Луцман ја добил “ридската трка” Хајделберг-Кенигстухл, победувајќи “16 други возила направени од познати германски производители”. Генерално, развојот во автомобилската индустрија е брз и жесток. Додека првите модели се директни потомци на коњските кочии, Opel лансира ултра-модерен мал автомобил за исклучително конкурентна цена во 1909 година. Моделот 4/8 PS Opel Doktorwagen веќе има Opel техника и Opel направи 4-цилиндричен реден мотор. Во рекламите, Opel ветува дека е идеален за “лекарите, ветеринарите и правниците”. Doktorwagen е достапен за цени меѓу 4.000 и 5.000 марки, додека многу други автомобили направени во овој период чинат 20.000 марки. Тој го трансформира моторното возило од престижна играчка за богатите и познатите во прифатливо решение за мобилност за широка публика.

Од Laubfrosch до Kadett: Масовна мобилност

Фридрих – кој оттогаш беше промовиран во главен инженер – и неговиот брат Вилхелм во 1924 година ја претставија производствената линија во Opel. Ford беше првата компанија која го воведе овој метод на намалување на трошоците во Америка во 1913 година. Opel секогаш го следел развојот во другите земји. Адам Опел станал фасциниран од машината за шиење за време на неговите патување во Франција, а подоцна системот Darracq обезбеди голем поттик за производство на автомобили во Риселсхајм. Браќата потоа го претставија иновативниот 4/12 PS “Laubfrosch”. Двосед со максимална брзина од 60 км/ч е достапен за 3.900 златни марки благодарение на линијата за производството со склопување. Подоцна, “автомобилот за секого” е достапен за 1.930 Рајхсмарки. Во следните години, целото возило се создава врз основа на технологијата Laubfrosch. Вкупно 119.484 возила на Opel 4 PS се направени до 1931 година.

Она што се овие револуционерни автомобили за 20-тите години од минатиот век, Kadett е за 30-тите години од минатиот век. Напредокот во автомобилизмот е со големи чекори. Kadett го заменува успешниот Opel P4 и го слави своето деби со самоносечко челично тела, поединечна предна суспензија на едно тркало, четири цилиндричен четиритактен мотор и хидраулични барабан-сопирачки. Цените се многу пониски од оние на директните конкуренти. Во 1938 година, “нормалната” лимузина Opel Kadett е достапна за прифатлива 1,795 марки.

Имет на Kadett е обновено во 1962 година, а Opel го подобрува предниот дел со Kadett A. Додека голем број на конкуренти се уште се потпираат на двотактниот или задниот монтиран мотор со воздушно ладење, новодојдениот сјае со удобноста на 4- цилиндрична единица, тивкиот 4-брзински пренос и разни шасии кои се движат од купе до караван.

Од Olympia Rekord до моделите “КАД”: Просперитетот се зголемува

Првиот целосно нов Opel по војната е Olympia Rekord и звучи како новата ера, со телото на понтон и хромираната уста на ајкула. Дизајнот наликува на од оние на големите американски лимузини – и е совршен за економското чудо што е само почеток. Оние кои се успешни сакаат повторно да се покажат. И нов тип на возило, исто така дебитира со Olympia Rekord Caravan – начин на живот за целото семејство. Новиот Opel Kapitän пристигнува во 1954 година, Opel Rekord P2 е претставен во 1960 година, а Rekord А следи во 1963 со сопирачки дискови и наскоро потоа со 6 цилиндри. Без разлика дали е купе, караван или лимузина – Rekord со средни димензи станува синоним за новата средна класа во младата Сојузна Република Германија. Opel произведува 882.433 возила Rekord А до 1965 година. Овој успех ја отвора вратата за “големите три” и во 1964 година “KAD” – Kapitan, Admral и Diplomat – пристигнуваат во луксузната класа. Втората генерација на овие модели KAD може дури и да се пофали со единствено ниво на удобност при возењето благодарение на легендарната задна оска на de Dion. Opel го воведува безбедносниот управувачки столб во сите модели на патнички автомобили во 1968 година. Иновации што ќе помогнат да се справат со зголемениот обем на сообраќај.

Од Opel GT до Calibra: Новиот спортски дух

Opel стана првиот европски производител кој отвори вистинско, модерно дизајнерско студио во јуни 1964 година. И само една година подоцна, првиот концептен автомобил од европскиот производител, Experimental GT, го прославува своето деби на Салонот за автомобили во Франкфурт во 1965 година. А 36 месеци подоцна, сериското производство на Opel GT е достапно кај дилерите на Opel и го означува раѓањето на легендарниот спортски автомобил. Иконата е прифатлива за широка публика, благодарение на технологијата на масовно производство и GT е следниот хит од Риселсхајм. Компанијата се придржува кон овој пристап во наредните години. Manta ја дели својата технологија со Ascona кога е лансирана во 1970 година, а Calibra ја “позајмува” технологијата на Vectra од 1989 година. Најдобриот од сите и светскиот шампион во аеродинамиката (Cd од 0,26), Calibra Turbo 4×4 обезбедува 204 КС и ги нуди возачките перформанси на спортски автомобили.

Од Corsa до Ampera: Бестселери и трендсетери

Во 1982 година, Opel направи огромен бум со мал автомобил. Corsa А ја заокружи понудата на компанијата веднаш под Kadett. Corsa беше импресивен приказ за добивање на максимум од мал простор без да се загрозат задоволството при возењето или економичноста. Секоја генерација на Corsa (А до Е) се движи и ја продолжи демократизацијата на индивидуалната мобилност. До денес се регистрирани речиси 14 милиони Corsa. И в година следната генерација ќе следи со додавање на ново поглавје во приказната – со целосно електрична верзија на Corsa.

Исто како што Corsa го обликуваше сегментот на мали автомобил, Zafira го дефинира компактниот ван сегмент со седум седишта од 1999 година. Третиот ред седишта, кои целосно исчезнуваат под капакот на багажникот, едноставно е генијален изум. Сопствениците на модели направени од конкурентите треба внимателно да ги отстранат дополнителните тешки седишта кога багажниот простор е потребен. Седум луѓе лесно можат да се вклопат во 4,32 метри долга Zafira. Алтернативно, компактниот ван може да се користи како транспортер за неколку секунди со преклопување на седиштата и создаде простор од 1,56 на 1,15 метри со вкупен капацитет до 1.700 литри. Сегашната Zafira исто така е мајстор на метаморфозно удвојување како транспортер и салон на тркала, благодарение на системот за седење Flex7®Plus.

Понатамошните трендови што следат по Corsa и Zafira доаѓаат по прославата на светската премиера на Салонот за автомобили во Женева 2009: Opel Ampera, автомобил кој ја редефинира електромобилноста. Автомобилот на годината во 2012 година вози електрично, а исто така има свој извор на енергија за продолжен досег. Ова ја прави Ampera исто толку независна од станиците како конвенционален патнички автомобил. Opel ја претстави следната генерација на електричен автомобил на саемот во Париз во 2016 година. Ampera-e има сеопфатен NEDC опсег од 520 километри благодарение на најсовремената литиум-јонска батерија од 60 kWh. И електричниот мотор со моќност од 150 kW / 204 КС му дава забрзување како спортско возило. Следниот електричен автомобил од Риселсхаим ќе следи веќе следната година, а електро-мобилноста ќе добие уште еден поттик со Corsa-e. 

Од Astra до Insignia: Новата ефикасност

Opel ја покажува новата леснотија на постоењето со лансирањето на актуелната генерација на Astra во 2015 година. Компактниот автомобил тежи до 200 килограми помалку од неговиот претходник. Понудата на моторот ја следи стратегијата за намалувањето: со помало поместување и турбо полнење, помала потрошувачка на гориво и поголема ефикасност. За прв пат Astra е достапна со високофункционален 3-цилиндарски бензински мотор со директно вбризгување и со револуционерната IntelliLux LED® светлина. Иновативниот систем ја претвора ноќта во ден, без да ги следи другите учесници во сообраќајот – уникатна карактеристика во компактната класа! Astra ги уверува потрошувачите и експертите и беше изгласана за “Автомобил на годината 2016”.

Insignia A е првиот Opel кој може да ги препознае сообраќајните знаци од 2008 година и нуди интелигентен AFL + систем за осветлување. Исто како и Astra, втората генерација на предводник на Opel има поголема ефикасност. Новата генерација на Insignia е полесна, поекономична и истовремено многу попространа. Најзначајната функција на Insignia GSi, Country Tourer, Grand Sport и Sports Tourer е адаптивниот погон на сите тркала со векторирање на вртежниот момент кој може да ги забрза задните тркала поединечно во дел од секундата, во зависност од ситуацијата во возењето. Opel Insignia е првото возило направено што ја понуди оваа технологија во сегментот со средна големина.

Од Мокка до GrandLand X: Феноменот на SUV

Клиентите сакаат да седат малку повисоко за да имаат подобар преглед и да уживаат во патувањата и авантурите на долги патеки. Opel го препозна овој тренд во многу рана фаза и предложи уникатна понуда во Б-сегментот. Кул субкомпактната Мокка исто така е достапна со погон на сите тркала и се покажа како исклучително популарна од самиот почеток. СУВ е вклучена во компактната класа од Crossland X и Grandland X во 2017 година. Сите членови на X-семејството се достапни со активни седишта со сертификат AGR (Aktion Gesunder Rücken e.V.). Ергономичните и удобни седишта долго време биле дел од ДНК-то на Opel – пред 120 години Opel Patentmotorwagen “System Lutzmann” веќе гордо го koriste[e кожаниот тапацир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП