28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMichelin ја намали годишната прогноза поради новите прописи за емисии

Michelin ја намали годишната прогноза поради новите прописи за емисии

Францускиот производител на автомобилски гуми „Michelin“ ги намали пазарните предвидувања за оваа година, велејќи дека доцнењето при продажбата ќе се влоши во четвртиот квартал поради слабата побарувачка на возила во Кина и новите стандарди при штетните емисии наметнати од европските регулативи, пренесува „Ројтерс“.

Продажбата на компанијата за 2018-та година ќе покаже мало зголемување, велат од „Michelin“.

Падот поради доцнењето при побарувачката на автомобили и камиони во Кина, како и падот при регистрациите на нови автомобили во Европа, поврзано со новите ограничувања при емисиите на штетни гасови, влијаеле значително полошо од очекуваното врз француската компанија, изјави главниот финансиски директор на „Michelin“, Марк Хенри.

„Сите овие пазари ќе забележат пад на продажбата во споредба со нашите претходни предвидувања“, додаде тој.

Компанијата забележа раст на продажбата од 5,2 отсто во третиот квартал на 5,62 милијарди евра (6,44 милијарди долари).

Сепак, продажбата на автомобилски гуми се намали за околу 5% во Кина и Западна Европа – каде новите построги тестови за штетни гасови кај возилата решаваат кој автомобил да биде пуштена на пазарот и кој да биде вратена назад за поправка и проверка.

Од „Michelin“ ги намалија прогнозите за раст на продажбата од 0,5% кај автомобилските гуми од 1,5 отсто и до намалување за 1,5% при продажбата на гуми за камиони, наместо 0,5% раст.

Потребата од гуми се очекува да се намали за 5-6 отсто во следниот квартал, соопшти компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП