3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСвечено отворање на фестивалот „Златна лира“

Свечено отворање на фестивалот „Златна лира“

Во 20 часот во Музеј на Град Скопје свечено ќе биде отворен фестивалот „Златна лира 2018“, со камерен концерт на Страшо Темков – флејта и Миле Каровски – гитара.

На концертот ќе бидат изведени камерни дела од авторите Ј. Иберт, Р. Д. Марино, А. Пјацола, Е. Боса, Б. Барток.

Фестивалот „Златна лира“ е основан пред 12 години како резултат на заложбите на македонските музички уметници за збогатување на концертниот живот во Скопје и зацврстување на традицијата на уметничката камерна музика во Македонија. Манифестацијата ги мобилизира и здружува креативните сили и релевантните фактори во културниот живот во промоција и афирмација на високите музички вредности.

Фестивалот има меѓународен карактер, а на неговиот подиум секоја година учествуваат врвни уметници од различни земји и се реализираат соработки и проекти со повеќе музички асоцијации од Европа и светот. Организатор на „Златна лира“ е Сојузот на музички уметници на Македонија – СМУМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП