11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот Porsche „отвора“ 1.200 нови работни места

Електричниот Porsche „отвора“ 1.200 нови работни места

Германскиот производител соопшти дека погонот во кој ќе се составува првиот сериски модел со електричен погон на „Porsche“ ќе биде „фабрика во фабрика“ со целосно нов транспортен систем на производната лента.

Oвој систем овозможува во истиот простор да се извршуваат повеќе работни операции во процесот на изработка на автомобилот.

Воведувањето на моделот „Taycan“ во производството ќе се рефлектира и на бројот на вработени во компанијата. Во план е отворање на околу 1.200 нови работни места во фабриката во Куфенхаузен, што претставува еден од најголемите импулси при вработување нови работници во историјата на „Porsche“.

Германскиот производител ќе инвестира 6 милијарди евра во „електричната мобилност“ и очекува почнувајќи од 2025-та година преку 50% од произведените „Porsche“ возила да имаат електричен погон.

Серискиот „Porsche Taycan“ е базиран на концептот „Mission E“ од 2015-та година. Моделот ќе дебитира во септември 2019-та година, а веднаш потоа ќе започне и продажбата на овој автомобил на струја.

Возилото ќе има два константно синхронизирани мотори, еден на предната, а другиот на задната осовина кои заедно ќе испорачуваат околу 600 KS.

Двата електромотори ќе се напојуваат со струја од литиум-јонските батерии кои ќе бидат доволни за опсег од 500 километри. „Taycan“ би требало да забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од 3,5 секунди, додека до 200 би требало да стигне за 12 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП