28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОфанзивата на Audi 2019-та: 11 нови и редизајнирани автомобили

Офанзивата на Audi 2019-та: 11 нови и редизајнирани автомобили

По претставувањето на неколку нови модели на саемот во Париз, „Audi“ и во 2019-та подготвува бројни изненадувања.

„Audi“ на парискиот авто-саем ги претстави новите генерации на „A1 Sportback“, „Q3“ и „A6 Avant“, a премиера имаат целосно новите модели – „Q8“ и електричниот кросовер „e-Tron“.

Исто така, по прв пат на некој саем на автомобили беа изложени „SQ2“ и обновениот „Audi TT“.

Ниту следната година нема да биде ништо помалку возбудлива за германскиот производител, со оглед дека во план се 11 нови и редизајнирани модели.

Една од премиерата во 2019-та ќе биде новата генерација на „Audi A3 Sportback“, конкурент на „Mercedes A Сlasѕ“.

„Audi“ актуелниот „A4“ беше обновен во текот на летото, но овој автомобил се уште не се најде во продажбите салони, па компанијата исто така го води како модел за 2019-та.

Уште еден модел на „Audi“ ќе доживее редизајн во следната година. Станува збор за „SUV“ моделот „Q7“, кој ќе биде освежен на половина од производниот циклус на актуелната генерација, па на пазарот ќе би можел рамноправно да се натпреварува со новите „Mercedes GLE“ и „BMW X5“.

По годинешната прмиера на „Audi A6“ и „A6 Avant“, обновувањето на семејството на моделот „A6“ ќе продолжи и во 2019-та со верзиите „A6 Allroad“, „S6“ и „RS6 Avant“. Последните два автомобили ќе добијат 2.9-литарски TFSI V6 со 450 ks и 4.0-литарски TFSI V8 со 605 ks.

Следната година „Audi“ ќе ги лансира и „S7 Sportback“ и „RS7 Sportback“, исто така со споменатата моторизација.

Иако новиот „RS5 Sportback“ претставен во оваа година, тој во продажните салони ќе пристигне дури следната година, па исто така ќе се води како модел за 2019-та.

Последниот најавен нов автомобил на „Audi“ зa 2019-та е „e-Tron Sportback“. Oвој целосно електричен модел, заснован врз истоимениот концепт од 2017-та, претставува спортска верзија на „Audi e-Tron“, кој дебитираше во септември оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП