„Volkswagen“ ја претстави новата генерација на „Passat“ која е наменета за кинескиот пазар.
Моделот „Passat“ зa Кина е малку поразличен од оној кој се произведува во Европа.
Иако производителот не ги објави спецификации, на фотографии изгледа дека лимузината на „Volkswagen“ е поголема од „браќата“ за европскиот или американскиот пазар.
Познавајќи го вкусот на кинеските купувачи, кој особено го ценат комфорот на задните седишта од лимузините, претпоставуваме дека меѓуосовинското растојание е поголемо во однос на „Passat“-тот кој се продава во Европа.
Кинескиот „Passat“ има некои стилски елемнти од купе-лимузината „Arteon“, особено кога ќе се погледне предниот дел од возилото и маската на ладилникот.
На фотографиите е прикажана верзијата со побогата опрема, која вклучува и кожен ентериер.