28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа фановите на BMW: Како настанува новата „тројка“ (видео)

За фановите на BMW: Како настанува новата „тројка“ (видео)

Баварскиот производител објави пет видеа на кои се забележани различни фази од производството на новата генерација на „BMW Series 3“.

Новата „тројка“ дебитираше на саемот за автомобили во Париз. Овој модел ќе се произведува до Германија и Мексико, додека во Кина ќе се изработува верзија со продолжено меѓуосовинско растојание која е наменета за локалниот пазар.

Во меѓувреме се појавија и првите информации за цената на овој модел во Европа.

Седмата генерација на „Serieѕ 3“, која во номенклатурата на „BMW“ на има ознаката „G20“, ќе се најде во продажба од 19-ти март 2019-та година. Во моментов најслабата верзија која ќе може да се купи ќе биде дизелот „318d“ со 150 KS, a чија почетна цена ќе биде 37.850 eвра.

Баварскиот гигант најверојатно многу бргу потоа ќе ги понуди и другите верзии, а се шпекулира дека најевтината, бензинецот „318i“ со 150 KS ќе чини околу 34.000 eвра.

Еден од погоните во кој ќе се изработува новата „BMW Serieѕ 3“ е оној во Минхен, а производителот чие седиште е во тој град, објави неколку видеа на кои е прикажан дел од производниот процес на овој автомобил.

Фановите на „BMW“ на почеток можат да видат како се составува каросеријата на новата „тројка“:

Потоа, може да дознаат како се одвива процесот на фарбање на возилата:

По овој процес, следи контролата на квалитетот на фарбањето:

Следниот чекор е одделот во кој се врши составување на возилото:

На крај, готовите автомобили минуваат низ завршна проверка на квалитетот:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП