28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn објави раст од 30 отсто на приходите за септември

Foxconn објави раст од 30 отсто на приходите за септември

Тајванската компанија „Foxconn“, кој е клучен снабдувач на „Apple“, забележа 30 проценти скок на приходите за септември, со што ги зајакнува очекувањата за стабилна производна продажба на американскиот технолошки гигант во момент во кој трговската војна меѓу САД и Кина ескалира, пренесува „Ројтерс“.

Производите на „Apple“, кои се произведуваат во Кина, досега беа заобиколени од царините наметнати од САД за увоз од Кина, но можат да бидат во центарот на битката, бидејќи Вашингтон се закани дека може да го прошири опсегот на царините, па да ги покрива сите стоки од Кина, вклучувајќи го и „iPhone“-от.

„Foxconn“, чие официјално име е „Hon Hai Precision Industry“, наведува во документите доставени до берзата дека во септември нејзините приходи се зголемиле за 30 отсто до 18,8 милијарди долари.

Силните месечни резултати кои се вторите по сила во историјата на компанијата, доведуваат до рекордни приходи како за кварталот, така и за девет месеци, посочија од компанијата за новинарите.

Најголемиот поддоставувач на електроника во светот, предупреди во јуни дека случувањата меѓу САД и Кина се најголемиот предизвик со кој се сретнал.

Кина е огромна производствена база за „Foxconn“, додека САД е главен пазар за компанијата.

Акциите на „Foxconn“ ја завршија трговијата во четвртокот со намалување од 6,9% во цената на акциите наспроти падот од 6,3% на пазарот како целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП