19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоради големиот интерес, закажана е уште една претстава на комедијата ,,Кој е...

Поради големиот интерес, закажана е уште една претстава на комедијата ,,Кој е тука идиот”

Театарската  хит-претстава ,,Кој е тука идиот” ќе биде одиграна на 1 ноември, во Дом на АРМ во Скопје, со почеток во 20 часот. Билетите за претставата се речиси распродадени и поради големиот интерес закажана е уште една претстава, која ќе се одигра на 2 ноември, со почеток во 20 часот.

Главните улоги во претставата што ги освои симпатиите на љубителите на квалитетна комедија на Балканот и пошироко ја имаат познатиот актер и водител Милан Калиниќ и неговиот колега Срџан Ивановиќ.

Претставата раскажува едноставна приказна за една современа тема, која во 1903 година ја напишала руската писателка Муза Павлова. Во тој период во Русија, пред да стапат во брак брачните парови било потребно да добијат низа различни потврди, меѓу кои и потврдата од психијатар.

Претставата почнува кога идниот младоженец, кој го игра Милан Калиниќ, по бурната ергенска забава заминува кај психијатарот, кој го глуми Срџан Ивановиќ, за да ја добие потребната потврда.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 10.10.2018 (среда) и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, „Пола Југотон” и „Цвеќарница Розе” – Веро 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП