Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,117.59 -0.18%    BESK 9,682.00 3%    CBNGA31 3,145.00 0%    GRNT 919.51 0.49%    KMB 5,473.29 0.17%    MPOL 377.00 -3.33%    MPT 63,165.11 0.43%    OKTA 4,802.00 -3.96%    RMDEN16 98.50 0.01%    RZLV 82.00 0%    STB 1,060.19 4.73%    STIL 119.38 -0.71%    TNB 17,109.09 0.64%    UNI 2,288.40 1.16%    ZILU 245.00 -2.51%    

„Преспав“ не спие – започна снимањето на третата сезона

Време: 17:03

Датум: октомври 9, 2018

Категорија: КУЛТУРА

Започна снимањето на третата сезона на ситкомот „Преспав“ кој меѓу телевизиските серии доживеа најголем успех. Со почесно присуство на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, падна првата клапа од третата сезона, за која продуцентите најавуваат дека ќе биде најквалитетната и најзабавната досега.

Емитувањето ќе започне од декември 2018 година на првиот канал на МРТВ.

„Самата жанровска реализација на претходните две сезони, неговата промоција во медиумскиот простор и афирмација од страна на публиката, како и високите креативни и продукциски стандарди кои ОХО ги постави со „Преспав“ беа мотив за поддршка на овој проект од страна на МРТВ. „Преспав“ со сигурност ќе ја збогати програмата на националниот сервис и ќе поттикне креирање на вакви слични проекти, затоа што јасно се покажа дека Македонија има капацитет за создавање на квалитетни аудиовизуелни продукти“ – изјави Марјан Цветковски, директор на МРТВ.

Актерската екипа добива засилување од една доминантна дама во главната улога, актерката Јана Маринова од Бугарија. Маринова е позната кај македонската публика по главната улога во бугарската серија „Врски“, достапна на еден интернационален кабелски канал. Во главните улоги остануваат: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели кои во третата сезона стапуваат со голем ентузијазам и оправдана гордост од досегашните успеси и со желба за создавање на дело за паметење.

Идејата и концептот на „Преспав“ се на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режијата е на Игор Иванов Изи, Вардан Тозија и Дина Дума. Сценаријата ги пишуваат: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева од Бугарија и Александра Миланова.

„Верував во овој медиумски културен производ уште од самиот почеток, а денес можам да кажам дека сум и горд на она што го постигнавме. „Преспав“ е комуникациски модел за симултано прикажување на европските вредности пред македонската публика. Како во претходните сезони, така и во третата, секоја епизода е активистички стремеж за излегување од вечната македонска транзиција и конечен соживот во пристоен општествен амбиент. Автентичен, но со европски вредности. Како продуцент го истакнувам интернационалното проширување на екипата и најавувам многу новости во насока на прикажување на „Преспав“ надвор од границите на Македонија, во земјите кои се во исто транзициско ‘тавче’ како и ние“ – изјави Пеце Талески, продуцент на „Преспав“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „КОСКЕНА“ – нова стихозбирка на Марина Мијаковска

    „КОСКЕНА“ – нова стихозбирка на Марина Мијаковска

    „Коскена“ е најновата стихозбирка на Марина Мијаковска што излезе од печат во издание на „Дијалог“ од Скопје. Книгата се состои од седумдесет и осум песни…

  • Андоновски и Водолазкин на саемот во Санкт Петербург

    Андоновски и Водолазкин на саемот во Санкт Петербург

    На 24 и 25 мај, како специјален гостин на Саемот (салонот) на книгата во Санкт Петерсбург, ќе учествува нашиот писател Венко Андоновски. На 24 мај…

  • Што ли прават Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс?!

    Што ли прават Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс?!

    Сара Мејс е Femme Fatale во новиот проект на Принц Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го правеа “Копито“  на толку специфичен начин, што никој…

  • „Крадци на гулаби“ и „8 минути и 19 секунди“ добитници на „Златен був“ на Филозофскиот филмски фестивал

    „Крадци на гулаби“ и „8 минути и 19 секунди“ добитници на „Златен був“ на Филозофскиот филмски фестивал

    Синоќа во Кинотеката на свечен начин со прогласување на добитниците на „Златен був“ заврши 9. Филозофски Филмски Фестивал. Во конкуренција на селекција на долгометражни филмови…

  • Тамара се пласираше во финалето на Евровизија(видео)

    Тамара се пласираше во финалето на Евровизија(видео)

    Македонската претставничка Тамара Тодевска се пласираше во финалето на годинешниот Евросонг којшто ќе се одржи во сабота. Таа вечерва на втората полуфинална вечер на 64-от…

  • Интимен концерт на Влатко Стефановски Трио

    Интимен концерт на Влатко Стефановски Трио

    Присуствувајте на концерт во интимна атмосфера на македонскиот вонсериски гитарист, Влатко Стефановски. Заедно со неговиот бенд, „Влатко Стефановски Трио“, ќе ви приредат вечер вредна за…

  • Тамара Тодевска со песната „Proud“ вечер ќе настапи на Евровизија

    Тамара Тодевска со песната „Proud“ вечер ќе настапи на Евровизија

    Пејачката Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) вечер ќе настапи во втората полуфинална вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел. Тамара…

  • Филм за животот на Шумахер ќе биде претставен на „Канскиот филмски фестивал“

    Филм за животот на Шумахер ќе биде претставен на „Канскиот филмски фестивал“

    Документарецот за животот на седумкратниот светски шампион во „Формула 1“, Михаел Шумахер ќе биде претставен на „Канскиот филмски фестивал“. Предвидено е филмот да биде прикажан…

  • „Риголето“ в сабота на Мајските оперски вечери

    „Риголето“ в сабота на Мајските оперски вечери

    Бисерот на оперската уметност „Риголето“ ќе биде изведен в сабота, 18 мај, со почеток во 20 часот во Националната опера и балет како дел од…

  • Netflix за прв пат објави листа- топ 10 најгледани содржини

    Netflix за прв пат објави листа- топ 10 најгледани содржини

    Како дел од промените што треба да се доведат до поголема транспарентност, Netflix одлучи да стане поотворен кога се во прашање податоци за гледачките навики,…