7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВест Хем ќе потроши 44 милиони за Керол

Вест Хем ќе потроши 44 милиони за Керол

Andy-Carroll-West-Ham

Вест Хем е подготвен да го финализира договорот за трансфер на Енди Керол веќе следната недела. За да ги обезбедат услугите на англискиот репрезентативец  „чеканите“ се подготвени да потрошат огромна за клубот сума од 44 милиони фунти во следните пет години.

Прво Вест Хем ќе му плати на Ливерпул 16 милиони фунти на кои ќе бидат додадени уште три милиони во форма на бонуси. Па вкупната сума ќе порасне на 19 милиони. Паралелно со тоа лондончани ќе му платат на Керол повеќе од 25 милиони фунти во форма на плати, бидејќи напаѓачот ќе добива по околу 100.000 фунти неделно кои се утврдени во 5-годишниот договор.

Така Керол, за кого Ливерпул плати 35 милиони фунти на Њукасл, ќе го чини Вест Хем вкупно 44 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП