Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Концертот на „Камерно дуо“, составено од музичарите Арјана Куриу Груби (пијано) и Блерим Груби (виола), ќе се одржи во КИЦ на Република Македонија во Софија со почеток во 18:30 часот.
Арјана Куриу-Груби е родена во Тетово во 1971 год. Дипломирала на приштинската Музичка академија во 1994 година, во класата на проф. Лејла Пула-Хаѓиу. Во 2011 година во Скопје ги завршила постдипломските студии во класата на проф. Тодор Светиев. Од 1994 година е редовен професор на Факултетот на уметности, отсек Музика, во УШТ –Тетово, каде што го предава предметот Пијано.
Има бројни активности со своите ученици по пијано. На учествата на државните и интернационалните натпревари има добиено први, втори или трети награди.
Пијанистката Арјана Куриу-Груби има многубројни заеднички настапи со виолистот Блерим Груби во Република Македонија и во странство.
Блерим Груби е роден во Скопје, во 1965 година. Во родниот град ги добива своите први музички познавања, а во 1989 година, на скопскиот Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј“ дипломира во класата на проф. Лубомир Господинов. На истиот факултет, под менторство на проф. Лубомир Господинов, ги завршува и постдипломските студии. Има студиски престој во Италија во годините 1994 и 1995, во Академијата Chigana во Сиена.По завршените студии почнува со работа во Македонска филхармонија.
Блерим Груби едновремено ја развива својата солистичка дејност и учествува во камерни состави. Има многубројни настапи на фестивали во блиските балкански земји, но и во Италија, Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Норвешка, Јапонија и САД
Актуално е професор на Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот во Приштина, солист е на Косовската филхармонија, гудачкото трио „Косова“, ансамбл „Бахус-Скопје“.
Концертот е дел годишната програма на КИЦ на Република Македонија во Софија и е поддржан од Министерството за култура.
Домаќин на македонската премиера на филмот на Теона Стругар-Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 15 март ќе биде градското кино „Милениум“ во Скопје.…
Суперхикс на 3-ти март 2019 година во МКЦ, Скопје, на свој начин ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар…
Започна добро познатиот детски ликовен конкурс на Ладна, кој првонаградените заедно со нивните семејства ќе ги однесе во престолнината на Франција, градот Париз и тоа…
Дејвид Гарет со неговиот албум UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE објавува нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10-годишнина од неговите кросовер-изведби. Одговарајќи на…
Воздишка е новиот видео запис на Викторија Лоба кој се промовираше премиерно на нејзиниот Youtube канал, снимен на познатата вулканска плажа White Beach на островот…
“Ecumenical Jury Award” и “Guild Film Prize” во рацете на Теона Стругар Митевска На денешната церемонија за доделување награди од независни жири комисии во рамки…
Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе биде прикажан на сцената на МОБ на 22 февруари…
Одложени се повеќе настани, поради тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубија најмалку 14 лица. Од Македонската филхармонија информираа дека концертот „Моја љубов“, којшто…
„Филмска комета од Македонија“, „Актерка која го освојува срцето“, „Неизмерно моќна сатирична драма“, „Тотален успех“, „Воодушевување за публиката“ – се само дел од светските критики…
На 17 февруари, 15 музичари од Македонија, Косово, Албанија, Србија и Хрватска нивната заедничка музика ќе ја претстават пред македонската публика во МКЦ. OneBeat Balkans…