25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на Lexus RC зa 2019-та (фото+видео)

Премиера на Lexus RC зa 2019-та (фото+видео)

Јапонскиот производител на саемот во Париз го претстави редизајнираното купе „RC“.

„Lexus RC“ имаше премиера уште во 2013-та на автомобилскиот саем во Токио, но дојде време за редизај на ова купе. Промените на екстериерот не се многу големи, а прво што се забележува се новите „LED“ дневни светла кои сега се интегрирани во главните фарови.

Дискретно е редизајнирана и маската на ладилникот, но нејзината карактеристична форма не е променета.

Спортската верзија „RC F Sport“ исто така ќе има нова маска која со својата специфична мрежеста структура ги следи останатите „Lexus F Sport“ модели.

Што се однесува до внатрешноста, „RC“ доби нов аналоген часовник во кабината, сличен на оној од „Lexus LC“.

Во понудата се 7 дезени на ентериерот во комбинација со 11 бои на каросеријата, меѓу кои е и новата „Mustard Yellow“ нијанса на жолта.

Моторизацијата е непроменета, но „Lexus“ тврди дека кај 2.0-литарскиот турбо бензинец е подобрен одговоротна педалата за гас, па автомобило подобро забрзува.

Јапонскиот производител соопшти дека е извршено фино прилагодување на суспензија која сега е потврда и поповолна за спортско возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП