Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,374.75 0.5%    BESK 9,088.75 -3.3%    BGOR 240.00 -11.11%    FUBT 1,000.00 0%    GRNT 825.00 -0.48%    GTRG 3,000.00 0%    KMB 5,699.33 -0.01%    MERM 2,037.00 -3%    MPT 51,874.83 -0.3%    REPL 76,000.00 0%    RZUG 12.00 20%    RZUS 105.00 0%    STIL 114.00 -0.8%    UNI 2,300.33 -2.11%    USJE 23,500.00 2.17%    

„Хармонија мунди“ – атрактивен видео-аудио настан на Македонската филхармонија

Време: 11:27

Датум: октомври 8, 2018

Категорија: КУЛТУРА

На 12 октомври во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Хармонија мунди“, кој ќе претстави атрактивен, уникатен видео-аудио перформанс.

Под диригентската палка на маестро Емил Табаков, ќе бидат изведени фантастичните „Планети“ од Густав Холст, кои ќе доживеат и видео-анимација, дело на Милчо Узунов од „3Д“ студио.

Грандиозното дело на англискиот композитор, ќе биде изведено на сцената на Македонската филхармонија по подолга пауза, а за првпат доживува и видео придружба која ќе ги збогати сетилата. Во изведбата на „Планети“ учество ќе земе и хорот „ПроАрс“ подготвен од диригентот Сашо Татарчевски.

Солист на концертот „Хармонија мунди“ е врвниот македонски контрабасист Ѓорѓи Цинциевски, кој ќе го изведе Концертот за контрабас и оркестар од Емил Табаков, а оваа вечер ќе биде изведено уште едно негово мошне интересно и иновативно дело – „Астрална музика“.

Контрабасистот Ѓорѓи Цинциевски се образува на престижната висока музичка школа „Royal Northern College of Music“ во Манчестер, Велика Британија, а неговите солистички настапи се високо оценети од критиката која го опишува како „музичар со одлични технички способности, со карактеристичен личен музички израз и силна експресивност“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Изложба на Моника Десоска – Каргова „Живееме, танцуваме, тагуваме…“ во НЛБ Галерија

    Изложба на Моника Десоска – Каргова „Живееме, танцуваме, тагуваме…“ во НЛБ Галерија

    На 20 Март, 2019 година со почеток од 20:30 часот, во НЛБ Галерија (ул.Мајка Тереза 1, Скопје) ќе биде отворена изложбата „Живееме, танцуваме, тагуваме…“ на…

  • Балетската претстава „Ана Каренина“ повторно во МОБ

    Балетската претстава „Ана Каренина“ повторно во МОБ

    На барање на публиката, балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, повторно ќе биде изведена на…

  • „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе се прикажува во 28 држави

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе се прикажува во 28 држави

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска е распродаден за кино дистрибуција на 28 територии низ целиот свет По огромниот успех на…

  • Чествување по повод 90 години од раѓањето на Матеја Матевски

    Чествување по повод 90 години од раѓањето на Матеја Матевски

    Со изборот од поезијата „Дождови – 90 песни“ од Матеја Матевски, приредено од поетот Раде Силјан, денеска во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје,…

  • Објавени конечните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од културата за 2019

    Објавени конечните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од културата за 2019

    Министерството за култура соопшти дека на својата веб-страница ги објави финалните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019 година…

  • Промовирано видео за евровизиската песна „Горда“

    Промовирано видео за евровизиската песна „Горда“

    Музичкото видео за песната „Горда“ (Proud) на Тамара Тодевска, македонски претставник за Евровизија во Израел, беше премиерно емитувано вечерва во централните вести на јавниот сервис.…

  • Тамара на „Евровизија“ ќе настапи под името Северна Македонија

    Тамара на „Евровизија“ ќе настапи под името Северна Македонија

    ЕБУ официјално потврди дека македонската претставничка Тамара Тодевска ќе настапи под името Северна Македонија на претстојниот „Евросонг“ во Тел Авив во мај. Во известувањето се…

  • Одржана работилница ,, Дигитализација на филмското наследство  – Етиката во конзервацијата на филмското наследство“ во организација на Управата за заштита на културното наследство

    Одржана работилница ,, Дигитализација на филмското наследство – Етиката во конзервацијата на филмското наследство“ во организација на Управата за заштита на културното наследство

    На 4 март 2019 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа работилница на тема ,,Дигитализација на филмското наследство – Етиката во конзервацијата на…

  • Почина Кeит Флинт, фронтменот на “The Prodigy”

    Почина Кeит Флинт, фронтменот на “The Prodigy”

    Пејачот на групата “The Prodigy”, Кeит Флинт почина на возраст од 49 години, јавува “The Sun”. Веста за смртта на една од најголемите икони на…

  • Легендарниот режисер го крена гласот против Netflix

    Легендарниот режисер го крена гласот против Netflix

    Откако филмот на Netflix “Roma” во режија на Алфонсо Куарон минатата недела освои три Оскари, легендарниот режисер Стивен Спилберг смета дека треба во иднина да се оневозможени…