4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes размислува да стави крај на некои модели

Mercedes размислува да стави крај на некои модели

„BMW“ на авто-саемот во Париз потврди дека ќе се откаже од еден од своите помалку популарни модели – „Serieѕ 3 Gran Turismo“, a ни „Mercedes“ нема да има милост кон автомобилите чии продажни резултати не го оправдуваат нивното постоење.

Во разговор за „Top Gear“ тоа го потврди идниот Извршен директор на компанијата, Ола Калениус.

„Речиси 20 години „Mercedes“ континуирано ја проширува понудата на своите модели, особено кога станува збор за „SUV“ возилата. Во следниот период, 2020-2022-ра година ќе стигнеме до 40-тина различни модели и верзии, но иако сите „деца“ ги сакаме подеднакво, мораме да бидеме рационални“, објаснува Калениус.

„Нема да размислуваме да ги укинеме оние модели кои слабо се продаваат“, додава тој.

Калениус, кој од 2019-та на чело на „Mercedes“ ќе го замени Дитер Цетче, не откри на кои модели им се заканува згаснување, но се шпекулира дека еден од нив е „Mercedes SLC“.

Порад слабата продажба, овој „роудстер“ би можел да биде првиот на листата на автомобил чие име ќе биде прешкртано во иднина.

Ола Калениус рече дека не треба да се очекува радикално намалување на моделите во гамата на „Mercedes“, но дека во следните десетина години ќе се разгледува сериозно кои модели има смисла да се остават во производство, а кои не.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП