17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота повлекува 2,4 милиони хибридни возила

Тојота повлекува 2,4 милиони хибридни возила

Јапонската “Тојота” повлекува 2.43 милиони хибридни возила во Јапонија, но и во други земји поради потенцијален проблем со моторот.

Од компанијата е објавено дека во ретки случаеви може да се случи возилото да не може да влезе во режимот на возење во екстремни околности (failsafe), и да ja изгуби силата и брзината. Серво управувачот и системот за сопирање ќе продолжат да функционираат како што е наведено, но губењето брзина може да доведе до судир, јавува AP.

Повлекувањето се однесува на хибридните возила “Тојота Приус” и “Аурис” произведени од октомври 2008 до ноември 2014 година.

Повлекувањето опфати 1,25 милиони возила во Јапонија, 807,000 во САД, 290,000 во Европа и 3,000 во Кина и остатокот од светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП