3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед ќе троши пари или за Бејл или за Роналдо

Јунајтед ќе троши пари или за Бејл или за Роналдо

Gareth+Bale+Tottenham+Hotspur+v+Liverpool+i4qADmgAFsOl-horz

Англиските клубови заминувањето на Фергусон го гледаат како можност да го симнат Манчестер Јунајтед од тронот во Англија.

Сепак, се чини дека „ѓаволите“ жестоко ќе се обидат да ја докажат својата доминација и во сезоната во која ќе имаат големи промени. Според англиските медиуми сопствениците на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер на управата на клубот и обезбедиле огромни средства за доведување на едно големо засилување на Олд Трафорд. Сепак, не е познато дали овие пари ќе бидат потрошени на Кристијано Роналдо или Герет Бејл.

Португалецот вчера на својата официјална „Facebook“ страна изјави дека не е вистина дека го продолжил договорот со Реал Мадрид, па по еден час се објавени и шпекулациите за неговото заминување од Сантијаго Бернабеу.

Од друга страна, Тотенхем е одлучен во своите редови да го задржи Герет Бејл, но малку кој би можел да одолее на понуда од 85 милиони фунти колку што „црвените ѓаволи“ имаат во план да понудат за него.

Сепак голема пречка во двата трансфера на Јунајтед ќе им биде Реал Мадрид, поради тоа што и тие покажаа интерес за Бејл, а се шпекулира дека веќе е договорена работата за Велшанецот. Но и за трансферот на Роналдо, поради тоа што „кралевите“ тешко дека ќе се откажат од услугите на својата најголема ѕвезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП