
Германскиот производител во Париз ја претстави спортската верзија на кросоверот „Q2“.


Германскиот производител во Париз ја претстави спортската верзија на кросоверот „Q2“.
Најмалиот спортски кросовер со четири прстени пристигнува со 2.0-литарски турбобензинец од „Audi S3“ со 300 KS и 400 Nm вртежен момент.

Aвтомобилот забрзува од 0 до 100 km/h зa 4,8 секунди, со максимална брзина која е електронски ограничена на 250 km/h.
Како што се и очекува од „SUV“-от, моделот на „Audi“ со четири цилиндри моќта ја пренесува на сите четири тркала со „Quattro“ системот со седумстепен „S Tronic“ менувач со двојно квачило.

Опремен со 18 или 19-инчни бандажи, „Audi SQ2“ има 20 милиметри понизок криленс од стандардниот „Q2“ благодарејќи на потврдата спортска суспензија, што го прави поагилен во кривините.

Овој модел пристигнува и со побогата опрема, вклучувајќи „LED“ фарови и задни светла.

Со големата моќ доаѓа и голема одговорност, па сопирање на „SQ2“ се задолжени големи 340-милиметарски предни и 310-милиметарски задни сопирачки.