1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung Electronics е насочена кон рекордна трета квартална добивка

Samsung Electronics е насочена кон рекордна трета квартална добивка

Јужнокорејската технолошка компанија „Samsung Electronics“ е на пат да запише значителен раст до рекордна квартална добивка, бидејќи нејзината единица за чипови бележи неверојатно претставување, благодарение на побарувачката од страна на центарот за податоци и на подобрувањата во продуктивноста, пренесува „Ројтерс“.

Се очекува добивката за кварталот меѓу јули и септември да достигне максимум, додека двегодишен суперциклус на брзи испораки и зголемена побарувачка се насочува кон својот крај, а цените на некои видови чипови веќе се намалуваат значително.

Најголемиот производител на чипови за меморија во светот, кој ќе ги објави прелиминарните резултати на 5-ти октомври, се очекува да забележи раст на оперативната добивка од 18% до 17,2 илјади милијарди вона (15,5 милијарди долари), се вели во истражувањето на 15-те аналитичари. Нивната прогноза е дека приходите ќе се зголемат за 3,7%.

Тоа го надмина растот на оперативната добивка за 6 отсто од претходниот квартал, кога телефонот „Galaxy S9“ не успеа да ги исполни прогнозите за продажба и да се справи со конкуренцијата од поевтините кинески уреди кои влијаат на маргините на нејзиниот мобилен бизнис.

Големиот поттик за „Samsung“ доаѓа од зголемените цени на „DRAM“ чипови кои им помагаат на уредите да вршат повеќе операции истовремено. „DRAMeXchange“ предвидува дека просечната цена на „DRAM“ чиповите се зголеми за 14 отсто во третиот квартал во споредба со претходната година.

Но цените на чипот „NAND“ што се користат за долгорочно складирање опаднале повеќе од два пати во текот на истиот период. Овој пад се очекува да се забрза, а повеќето аналитичари прогнозираат исто дека цените на „DRAM“ чипови исто така ќе забележат пад.

„Очекувам дека од четвртиот квартал цените на „DRAM“ чипови ќе се намалат за околу 10%. Ова ќе влијае на оперативната маргина на „Samsung““, коментира Ио Кју-Џиен, аналитичар во „eBest Investment & Securities“.

Иако се очекува „Samsung“ да генерира значителен раст од 12% на оперативната добивка за четвртиот квартал, аналитичарите предвидуваат минимален раст на добивката за првата половина на 2019-та година, проследен со падови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП