16 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel оствари пазарен удел од 10,2 проценти во септември во Германија

Opel оствари пазарен удел од 10,2 проценти во септември во Германија

Opel имаше добар бенефит од навремената и конзистентна подготовка на транзицијата кон новиот WLTP (Worldwide Harmonized Light Vehicles Test Procedure) во септември: брендот со “Blitz” постигна удел на пазарот на патнички автомобили од 10,2 проценти (+ 2,6 процентни поени) во Германија во септември. Ова е највисок удел на пазарот во поединечен месец од декември 2010 година и највисока септемвриска вредност од 2006 година.

Новите возила регистрирани на 1 септември 2018 година треба да бидат сертифицирани според WLTP возниот циклус. Постапката испорачува податоци за потрошувачката на гориво многу поблиску до реалноста отколку што беше случај со неговиот претходник, NEDC (New European Driving Cycle). За разлика од некои конкуренти, Opel ги спроведува овие регулативи во рана фаза и може да го понуди целото портфолио на патнички автомобили без ограничувања или одложувања.

Освен тоа, Opel е веќе опремен за новиот стандард за емисија на гасови Euro 6d-Temp: Во моментов, производителот на автомобили во Риселсхајм нуди 127 патнички модели кои веќе ги исполнуваат строгите ограничувања на новиот стандард. Стапува на сила за сите нови регистрации најдоцна до 1 септември 2019 година.

“Ние се подготвувавме за овие промени со години и го сертифициравме нашето портфолио според WLTP и Euro 6d-TEMP во добро време. Можеме да бидеме горди на тоа. И сега ние имаме бенефит од тоа. Со оглед на дискусиите за забраната за дизел возила во Германија, можеме јасно да кажеме: Кој и да купи Opel сега, не треба да се плаши од забраните за возење “, изјави Јирген Келер, извршен директор за продажба, маркетинг и попродажба на Opel Германија.

Модерните Euro 6d TEMP возила, без оглед дали имаат бензин или дизел мотор, не се засегнати од тековните дискусии за забрана за возење во градовите.

Opel исто така имаше бенефит од широката достапност на возила со сертификат WLTP во други европски земји. Брендот со “Blitz” постигна удел од речиси шест проценти во Шпанија, додека во Франција компанијата го оствари својот најдобар пазарен удел на патнички автомобили од мај 2015 година со 4,3 проценти. И британската сестринска марка на Opel, Vauxhall, исто така, објави силни продажби во септември. Комбинираниот удел на патнички автомобили и лесни комерцијални возила достигна 18-месечен рекорд од 8,6 проценти (во споредба со 7,3 проценти во септември 2017 година).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП