6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda Rapid ја промени категоријата (фото+видео)

Skoda Rapid ја промени категоријата (фото+видео)

Компанијата „Skoda“ го претстави својот концепт „Vision RS“, кој ќе биде главната премиера на брендот на отворениот автомобилски салон во Париз. Компактниот хечбек го демонстрира идниот дизајн на спортските модели на „Ѕkoda“, вклучувајќи го и тековниот „Rapid“.

Автомобилот е долг 4.356 mm, широк е 1.810 mm и висок е 1.431 mm. Растојанието помеѓу двете оски е 2.650 mm, а волуменот на багажникот достигнува 430 литри. Тој е изграден на платформата „MQB“, која ќе се користи и за наредниот „Rapid“ (сегашниот ја користи „PQ 25“).

Концептот „Vision RS“ има 4 места во кабината, но серискиот „Rapid“ ќе биде со 5. Не се исклучува можноста моделот да се појави во продажба под целосно ново име, додека сегашното да остане само за лифтбекот кој ќе се нуди единствено на пазарите во развој.

Прикажаниот во Париз прототип се разликува значително од сите модели на „Skoda“, а тоа се должи на спортскиот и агресивниот дизајн. Ова е особено евидентно во предниот дел на маската и хаубата. Позади хечбекот изгледа далеку порелаксирано и практично, а стаклото на багажникот донекаде потсетува на моделите на „Volvo“.

Во кабината на „Vision RS“ е вграден централен дисплеј. Исто така, постојат спортски седишта, метални елементи на предната плоча и внатрешноста на вратите. Динамиката на автомобилот е нагласена од воланот и црвената лента кој минува низ внатрешноста.

Прототипот за погон има хибридна погонска единица со вкупна моќност од 245 КС. Во него главна улога игра 1,5-литарскиот бензински турбомотор „TSI“ со 150 КС, на кој му помага електричен мотор со 98 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 7,1 секунда, а максималната брзина е 210 км/ч. Единицата има неколку режими на работа, вклучувајќи „Sport“, „Normal“ и „EV“.

Компанијата вели дека компактниот хечбек обезбедува само 33 грама „CO2“ на километар, а пак на електрична енергија може да помине до 70 км. На батеријата од 13kW и треба 2.5 часа за целосно полнење на стандардна електрична мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП