25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск се спогоди, и акциите на „Тесла“ скокнаа за повеќе од 15...

Маск се спогоди, и акциите на „Тесла“ скокнаа за повеќе од 15 отсто

Акциите на „Тесла“ скокнаа за повеќе од 15 отсто во тргувањето пред официјалното отворање на Њујоршката берза откако генералниот директор на компанијата, Илон Маск, постигна договор со Комисијата за хартии од вредност (ДИК) на САД.

Минатата недела комисијата го обвини Маск дека со твит од август за повлекување на „Тесла“ од берзата ги довел инвеститорите во заблуда и побара негова смена од чело на компанијата.

Маск, сепак, постигна договор со ДИК во саботата согласувајќи се да плати казна од 20 милиони долари и да се откаже од неговата улога како претседавач на Управниот комитет за најмалку три години, објави Си-ен-би-си.

ДИК, исто така, воведе парична казна од 20 милиони американски долари за „Тесла“ и нареди именување на двајца независни директори во Одборот на директори.

Скокот на акциите за повеќе од 15 отсто се случи откако акциите „Тесла“ во петокот се намалија за речиси 14 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП