„ST“ моделите на „Ford“ секогаш нуделе солиден компромис помеѓу перформансите и пристапноста, а американските производител сакаат да докажат дека е тоа можно и во „SUV“ класата.
Првиот „SUV“ на „Ford“ кој ја доби „ST“ ознаката е компактниот кросовер „Edge“, кој под хаубата има 2,7-литарски „V6“ со 335 KS и 515 Nm.
Моќта се пренесува на сите четири тркала преку осумстепениот „SelectShitf“ автоматски менувач.
„Ford“ официјално не го објави забрзувањето на „Edge ST“ од 0 до 100 km/h, освен дека е под шест секунди, што за овој вид возила е доста импресивно.
Со цел да покаже колку е способен „Edge ST“, „Ford“ го тестираше покрај своите два значително познати „ST“ модели – „Fiestа ST“ и „Focus ST“.