Првата слика на „надуената“ модификација на најмалиот кросовер на „Audi“ се појави на Интернет. Автомобилот ќе го добие името „SQ2“ и ќе биде претставен пред јавноста на Парискиот саем за автомобили.
Новата модификација со додатокот „Ѕ“ на неговото име ќе биде опремена со 2.0-литарски турбо мотор, кој е монтиран на хечбекот „Audi S3“. Сепак, моќта на моторот ќе се намали од 310 на 300 КС, според последните информации.
Се претпоставува дека „Audi SQ2“ ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 4,8 секунди, при што максималната брзина е ограничена на 250 км/ч.
Овој кросовер ќе добие уште и намалена суспензија со 20 мм, систем за погон на сите четири тркала, 7-степен автоматски менувач и „LED“ светла уште во основната верзија.
Компактниот кросовер „Q2“ дебитираше во текот на 2016-та година и доаѓа со мотори во опсег од 116 до 190 КС. Цените на моделот во Германија започнуваат со 23.900 евра.