9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочнува меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Започнува меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Детскиот културен центар Карпош и Град Скопје го најавуваат 27-миот Меѓународен детски фолклорен фестивал „ Оро без граници“ – симбол на пријателство меѓу децата, што ќе трае од утре до 30 септември.

Централниот настан ќе се одржи на 29 септември во сабота, на Плоштад Македонија од 19.30 часот.

Директорката на Детскиот културен центар Карпош, Билјана Лалчевска Серафимовска ги поканува сите кои се љубители на орото и песната да дојдат на централниот настан, каде покрај гостите од Србија, Бугарија и Словенија ќе земат учество и нашите ансамбли Орце Николов, Јени Јол и Каршијака сите од Скопје и преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе не запознаат со својата традиција и култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП