28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти уште не стигнат ја достави листата за засилувања

Анчелоти уште не стигнат ја достави листата за засилувања

karlo

Скоро со сигурност може да се каже дека новиот тренер на Реал Мадрид е Карло Анчелоти. Според шпанските медиуми Италијанскиот стратег во целост ќе ја добие поддршката од претседателот на клубот Флорентино Перез во врска со составувањето на екипата за следната сезона.

Искусниот тренер наскоро ќе ја раскине соработката со ПСЖ и ќе замине за Мадрид, а таму веќе ја доставил листата на играчи кои сака да ги види во својот тим со кои ќе атакува кон десетиот триумф во Лигата на Шампионите.

На прво место меѓу желбите на Анчелоти е Илкај Гундоган од Борусија Дортмунд. Веднаш зад него се италијанскиот репрезентативец Марко Верати од ПСЖ, како и играчот на Јувентус, Артуро Видал. Името на ѕвездата на Малага, Иско се најде во листата за евентуални засилувања на тимот.

Најголем проблем Анчелоти ќе има во нападот, затоа што тој сака еден од триото, Единсон Кавани, Луис Суарез и Роберт Левандовски.

Според медиумите блиски до клубот во редовите на „кралевите“ ќе пристигнат најмногу двајца играчи од списокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП