12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦената на акциите на Facebook е разочарувачка

Цената на акциите на Facebook е разочарувачка

mark2

Лошите резултати кои социјалната мрежа „Facebook“ ги бележи на берзата не изненадија и разочараа, признава основачот на оваа социјална мрежа Марк Цукерберг.

„За жал ние немаме никаква контрола над тоа колкава е цената на нашите акции на берзата, особено кога станува збор за кратки временски периоди. Сите сме разочарани“, изјави Цукерберг во разговорот за Фајненшл Тајмс.

Цукерберг тврди дека приказната на „Facebook“ без сомнение е успешна, додавајќи дека верува во позитивните резултати на подолги стази, и покрај досегашното лошо искуство на берзата.

Вредноста на неговиот удел се проценува на околу единаесет милијарди долари. На неодамнешниот состанок со акционерите кои имаат свој удел во „Facebook“, Цукерберг присутните ги уверуваше да не откажуваат од социјалната мрежа која успешно ќе се избори со својата конкуренција, пренесуваат новинските агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП