28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalmart го предупреди Трамп дека ќе ги зголеми цените поради царините

Walmart го предупреди Трамп дека ќе ги зголеми цените поради царините

Американската трговски синџир „Walmart“ предупреди дека може да ги подигне цените на стоките, ако администрацијата на САД наметне уште царини за кинескиот увоз. Ова се наведува во писмото што компанијата го испратила пред две недели до постојаниот трговски претставник на САД, Роберт Лајтизер и до кое агенција „Ројтерс“ добила пристап.

Само пред неколку дена претседателот на САД, Доналд Трамп наметна царина за кинеска увозна стока во вредност од 200 милијарди долари.

„Walmart“, најголемиот трговски ланец во светот, наведува во писмото дека царините ќе влијаат на цените на сè, од храна до пијалоци и стоки за лична хигиена.

„Walmart“ потврди за „Ројтерс“ дека испратила писмо и повика во соопштението двете страни да најдат решение.

Претходно оваа недела Трамп го влоши трговскиот конфликт со Кина, така што наметна 10-процентни царини на кинескиот увоз за 200 милијарди долари, вклучувајќи кориснички производи, како куфери и торби за патување, душеци, шлемови, скари на гас.

„Како најголем трговски ланец во САД и голем купувач на американски индустриски производи ние сме исклучително загрижени за последиците од царините врз нашиот бизнис, нашите клиенти, нашите добавувачите и американската економија како целина“, посочува „Walmart“ во писмото до Лајтизер.

Во листата од свои производи, кои можат да бидат погодени од царините, „Walmart“ ги посочува скарите на гас, велосипедите, новогодишните сијалички и други стоки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП