ПочетнаКУЛТУРАРевија на европскиот филм во осум градови низ Македонија

Ревија на европскиот филм во осум градови низ Македонија

Oд денеска до 28 септември во осум градови низ државата ќе биде организирана ревија на европски филмови од Италија, Швајцарија, Германија, Холандија, Русија и други земји, соопшти Асоцијацијата на филмски професионалци и ТВ соработници на Македонија (АФПМ).

Како што информираат од таму, љубителите на филмската уметност во Струга, Прилеп, Кичево, Битола, Кавадарци, Штип, Неготино и Радовиш ќе имаат можност да се забавуваат и да уживаат во два филма од изборот на квалитетни филмски остварувања од најновата европска продукција.

„Со овој проект ќе бидат претставени повеќе европски филмови со цел да ги доближиме квалитетните и репрезентативни филмови од неколку големи европски кинематографии, кои се учесници и добитници на светските филмски фестивали. Станува збор за проекции на репрезентативни филмски наслови“ додаваат од АФПМ.

Проектот е поддржан во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП