26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari покажа два уникатни автомобили: Monza SP1 и SP2 (фото+видео)

Ferrari покажа два уникатни автомобили: Monza SP1 и SP2 (фото+видео)

Ferrari претстави две ексклузивни возила „Monza“. Автомобилите се изградени врз основа на „Ferrari 812 Superfast“ и ќе влезат во новата гама на модели на италијанската компанија – „Icona“.

Автомобилите го добија името „Ferrari Monza“ – верзијата „SP1“ е со едно седиште, а пак варијантата „SP2“ е двосед. Дизајнот на двата модели е инспириран од класичните „166 ММ“, „750 Monza“ и „860 Monza“, спортски автомобили од средината на 20-тиот век.

Каросеријата на двата модели е направено од јаглеродни влакна. „Monza“, исто така, има нови предни светла, тркала и внатрешни карактеристики од моделот „Superb Super 812“. Поради недостигот на покрив и ветробранско стакло возачот и патникот треба да користат шлем, а технологијата „Virtual Wind Shield“ насочува дел од воздухот надвор од кабината за поголема удобност.

Истакнатите карактеристики на двете верзии е тоа што се опремени со најмоќниот мотор во историјата на „Ferrari“ – 6.5-литарски атмосферски V12, чија моќ е зголемена од 800 на 820 „коња“. Моторот е комбиниран со 7-брзински автоматски менувач и погон на задните тркала. Забрзувањето од место до 100 км/ч трае 2,9 секунди, а максималната брзина е 300 км/ч, или со 30 км/ч за помалку од „Ferrari 812 Superfast“.

Специјално за „Monza SP1“ и „Monza SP2“, брендовите „Loro Piana“ и „Berluti“ развија колекција на облека и тркачка опрема во стилот на двата модели. Верзиите ќе бидат објавени во ограничено издание од 100 парчиња и сите планирани автомобили за производство веќе се продадени однапред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП