16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако успеа Fiat?

Како успеа Fiat?

fiat2

Извршниот директор на „Fiat“, Серџо Маркионе, изјави дека италијанскиот производител на автомобили се одлучил на глобално ширење, бидејќи тоа било неопходно.

Обраќајки им се на новинарите во Фиренца, за време на состанокот на регионални индустријалци, Маркионе рече дека „Fiat“ ја надминал сопствената криза по 2004 година со што тој одбра да стане посилен и да се избори со изолацијата која би и наштетила на компанијата.

Поради тоа, како што наведе тој, беше започнат проектот како што е поврзувањето со „Chrysler“ во 2009 година и меѓународниот производител на камиони, земјоделска и градежна механизација „CNH“ оваа година, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Тие поврзувања не беа опционални. Ако „Fiat“ останеше на страна, одамна ќе моравме да прогласиме банкрот. Вака, обезбедивме работа и благосостојба, а продолжуваме да инвестирме во Италија и веруваме во неа“, додаде шефот на „Fiat“, повикувајќи ја Италија да се обедини во напорите и да ја спаси нејзината иднина.

„На Италија и е потребен колективен напор, еден вид на социјален пакт, да го наречеме Маршалов план за Италија. Потребна е национална кохезија за економско закрепнување“, наведе Маркионе.

Директорот на „Fiat“, исто така, изјави дека компанијата нема да затвори ниту една од производните постројки во земјата.

„Најрационално би било да се затворат една или две фабрики во Италија за да се реши проблемот со прекумерното производство. Меѓутоа, ние веќе изјавивме, нема да затвориме ниту една фабрика во Италија“, нагласи тој.

Маркионе додаде дека се во преговори за превземање на „Chrysler“ и дека конечното решение се очекува во рок од месец дена. „Fiat“ е мнозински соспственик на преостанатите 58,5 проценти од акциите на американскиот производител на автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП