Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Македонската филхармонија свечено ја почнува новата сезона со концертот „Ново утро“

Време: 14:03

Датум: септември 20, 2018

Категорија: КУЛТУРА

На 27 септември (четврток) во 20 часот, ќе се случи свеченото отворање со концертот под наслов „Ново утро“, на кој ќе настапи врвниот пијанист од Франција, Лука Дебарг.

Дебарг, кој е лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“, ќе го изведе најкомплексното дело за пијано, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев.

На концертот „Ново утро“ ќе диригира маестро Јерухам Шаровски од Израел, а оркестарот на Македонската филхармонија по подолга пауза ќе ја изведе и романтичната и атрактивна „Фантастична симфонија“ од францускиот композитор Хектор Берлиоз.

Едно од најтешките дела во класичната литература за пијано е токму Концертот бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев (1891–1953). Пијанистите ќе се согласат дека тоа се однесува првенствено на техничките барања кои се на граница на изводливо. Но, покрај овој силен предизвик кон кој се приклонуваат музичките уметници, ова дело поседува и врвна естетска димензија, како и силен патос кој привлекува, затоа што младиот Прокофјев го пишувал по смртта не неговиот близок пријател, а и непосредно пред Првата светска војна (1913)…

Најпознатото дело на зачетникот на романтичарската програмска музика францускиот композитор Хектор Берлиоз (1803–1869), всушност, е автобиографски фрагмент кое се нарекува и „Епизода од животот на еден уметник“. Тоа е првото значајно дело во сферата на програмската музика, создадено во 1830 година во деновите на Јулската револуција, кога композиторот бил обземен од општата атмосфера на револуционерни воодушевувања. Како што и самиот навел во своите мемоари, „Фантастична симфонија“ е инспирирана од неговите љубовни чувства кон актерката Харијета Смитсон…

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Изложба „Конзулска Битола од првиот Австриски конзулат до Првата светска војна”

    Изложба „Конзулска Битола од првиот Австриски конзулат до Првата светска војна”

    Синоќа во малата сала на Завој и Музеј Битола, беше отворена изложбата „Конзулска Битола од првиот Австриски конзулат до Првата светска војна 1851-1919“, чии организатори…

  • „Хармонија мунди“ – атрактивен видео-аудио настан на Македонската филхармонија

    „Хармонија мунди“ – атрактивен видео-аудио настан на Македонската филхармонија

    Македонската филхармонија во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт „Хармонија мунди“, кој ќе претстави атрактивен, уникатен видео-аудиоперформанс. Под диригентската палка на маестро Емил Табаков,…

  • Поради големиот интерес, закажана е уште една претстава на комедијата ,,Кој е тука идиот”

    Поради големиот интерес, закажана е уште една претстава на комедијата ,,Кој е тука идиот”

    Театарската  хит-претстава ,,Кој е тука идиот” ќе биде одиграна на 1 ноември, во Дом на АРМ во Скопје, со почеток во 20 часот. Билетите за…

  • „Преспав“ не спие – започна снимањето на третата сезона

    „Преспав“ не спие – започна снимањето на третата сезона

    Започна снимањето на третата сезона на ситкомот „Преспав“ кој меѓу телевизиските серии доживеа најголем успех. Со почесно присуство на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел…

  • Концерт на „Камерно дуо“ во Софија

    Концерт на „Камерно дуо“ во Софија

    Концертот на „Камерно дуо“, составено од музичарите Арјана Куриу Груби (пијано) и Блерим Груби (виола), ќе се одржи во КИЦ на Република Македонија во Софија…

  • „Хармонија мунди“ – атрактивен видео-аудио настан на Македонската филхармонија

    „Хармонија мунди“ – атрактивен видео-аудио настан на Македонската филхармонија

    На 12 октомври во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Хармонија мунди“, кој ќе претстави атрактивен, уникатен видео-аудио перформанс. Под диригентската палка…

  • „Синиот портокал“ на „Бела ноќ“ во Скопје

    „Синиот портокал“ на „Бела ноќ“ во Скопје

    Во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20 часот, театарот „Јордан Х.К. – Џинот“ од Велес ќе настапи на манифестацијата „Бела ноќ“ со претставата…

  • „Кавалерија рустикана“ на сцената на МОБ

    „Кавалерија рустикана“ на сцената на МОБ

    На 10 октомври, среда, на сцената на Македонската опера и балет публиката повторно ќе се сретне со „Кавалерија рустикана“ од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. Во…

  • „Копање“ на Иванов и Димитријевиќ и норвешкиот „Утојa-22 јули“ на Киненова

    „Копање“ на Иванов и Димитријевиќ и норвешкиот „Утојa-22 јули“ на Киненова

    Долгометражниот игран филм „Копање“, на Мартин Иванов и Ивица Димитријевиќ, во рамките на фестивалот „Киненова“ ќе има специјална проекција во Кино Фросина во МКЦ со…

  • „Либертанго” вечерва во МОБ

    „Либертанго” вечерва во МОБ

    Во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет публиката повторно ќе се сретне со танго-танцот во изведба на солистите и ансамблот на балетот…