Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Халкбанк и Манаки со заедничка желба за зачувување на вистинските културни вредности

Време: 10:41

Датум: септември 20, 2018

Категорија: КУЛТУРА

Во насока на поддржување на филмската традиција и промоција на вистинските културни вредности, Халкбанк и Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го објавија официјалното партнерство за годинешното издание на фестивалот.

Имено, на 39-тото издание на „Браќа Манаки“, Халкбанк за првпат се јавува како ексклузивен „Платинум партнер“, сакајќи да оддаде почит на филмската уметност, на кинематограферите и на сите филмски работници воопшто, а во насока на најновата корпоративна платформа на Банката „Важни се луѓето“, со која на секого му се оддава признание како на важен поединец, градејќи и негувајќи долгорочни односи со своите корисници и со севкупната заедница.

„Како прв и најстар филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери, ИФФК ‚Браќа Манаки‛ несомнено е врвен културен настан кој стои рамо до рамо со огромниот број светски филмски фестивали. Ние како компанија отсекогаш сме ја препознавале важноста на филмографијата и, воопшто, на севкупната македонска култура, па оттука нашата поддршка на годинешното издание на фестивалот е искрена и истовремено во согласност со нашата корпоративна платформа, која нѐ позиционира како  ‚банка на сите луѓе‛. Ни претставува огромна чест што заедно со ‚Манаки‛ имаме прилика да ја пренесеме пораката дека вистинските културни вредности се навистина важни и треба долгорочно да се негуваат“, изјави Маја Наумовска од Дирекцијата за односи со јавноста во Халкбанк.

Од ИФФК „Браќа Манаки“, пак, истакнаа дека задоволството е обострано, особено кога се работи со општествено одговорни компании кои искрено го сакаат филмот и даваат несебична поддршка со цел што подолго да го зачуваме најстариот фестивал, кој и како земја нѐ позиционира високо на светската културна мапа.

„Во Халкбанк препознавме вистински достоен партнер кој искрено верува во значењето на филмската уметност и традицијата и автентичноста на ‚Браќа Манаки‛. Сакам да изразам голема благодарност до целиот нивни тим кој посветено нѐ следеше на сите прес-конференции и се надевам дека тие ќе останат со нас подолго време и заедно ќе ја негуваме љубовта кон филмот и ќе придонесеме кон уште поголема промоција на филмската индустрија во Македонија“, изјави Гена Теодосиевска, директор на ИФФК „Браќа Манаки“.

Инаку, 39-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува традиционално во Битола, во Центарот за култура, од 22 до 29 септември, а годинешното мото гласи „HATS OFF” или „Симнуваме капа“, во знак на почит кон традицијата на фестивалот, кинематограферите и кон сите филмски работници воопшто, кон градот Битола и кон публиката.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Во март македонска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

    Во март македонска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

    Домаќин на македонската премиера на филмот на Теона Стругар-Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 15 март ќе биде градското кино „Милениум“ во Скопје.…

  • Суперхикс со новото видео и сингл „Модерна љубов“ се враќаат назад кон корените(видео)

    Суперхикс со новото видео и сингл „Модерна љубов“ се враќаат назад кон корените(видео)

    Суперхикс на 3-ти март 2019 година во МКЦ, Скопје, на свој начин ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар…

  • Подгответе ги боичките, започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна

    Подгответе ги боичките, започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна

    Започна добро познатиот детски ликовен конкурс на Ладна, кој првонаградените заедно со нивните семејства ќе ги однесе во престолнината на Франција, градот Париз и тоа…

  • Дејвид Гарет за првпат со својата кросовер-програма во Македонија

    Дејвид Гарет за првпат со својата кросовер-програма во Македонија

    Дејвид Гарет со неговиот албум UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE објавува нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10-годишнина од неговите кросовер-изведби. Одговарајќи на…

  • Лоба ќе ви даде вистинска Воздишка со новиот спот од вулканаската плажа на Санторини(фото+видео)

    Лоба ќе ви даде вистинска Воздишка со новиот спот од вулканаската плажа на Санторини(фото+видео)

    Воздишка е новиот видео запис на Викторија Лоба кој се промовираше премиерно на нејзиниот Youtube канал, снимен на познатата вулканска плажа White Beach на островот…

  • Петрунија со две престижни награди на Берлинале

    Петрунија со две престижни награди на Берлинале

    “Ecumenical Jury Award” и “Guild Film Prize” во рацете на Теона Стругар Митевска На денешната церемонија за доделување награди од независни жири комисии во рамки…

  • Балетската претстава „Ана Каренина“ на 22 февруари во МОБ

    Балетската претстава „Ана Каренина“ на 22 февруари во МОБ

    Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе биде прикажан на сцената на МОБ на 22 февруари…

  • Одложени повеќе концерти поради деновите на жалост

    Одложени повеќе концерти поради деновите на жалост

    Одложени се повеќе настани, поради тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубија најмалку 14 лица. Од Македонската филхармонија информираа дека концертот „Моја љубов“, којшто…

  • „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со одлични критики од меѓународниот печат

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со одлични критики од меѓународниот печат

    „Филмска комета од Македонија“, „Актерка која го освојува срцето“, „Неизмерно моќна сатирична драма“, „Тотален успех“, „Воодушевување за публиката“ – се само дел од светските критики…

  • 15 музичари од регионот со заедничка музика ќе настапат во МКЦ

    15 музичари од регионот со заедничка музика ќе настапат во МКЦ

    На 17 февруари, 15 музичари од Македонија, Косово, Албанија, Србија и Хрватска нивната заедничка музика ќе ја претстават пред македонската публика во МКЦ. OneBeat Balkans…