26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМоделот на работењето на Амазон под лупа на Европската Комисија

Моделот на работењето на Амазон под лупа на Европската Комисија

Европската комисија ги испитува активностите на онлајн тргувањето, но исто така и тргувањето на Амазон, изразувајќи загриженост дека компанијата може неправилно да конкурира поради својата двојна улога, рече европскиот комесар.

Amazon ги продава своите производи директно, но и нуди платформа на малите трговци да ги продаваат своите производи. Комисијата е загрижена за начинот на кој Амазон, користејќи ги податоците на малите компании, ги одредува најновите трендови и модели за купување.

“Се ‘уште не сме дошле до заклучок, но работиме официјално да го отвориме случајот со цел да добиеме увид на пошироката слика”, рече Магрет Вестагер, комесарот за конкуренција.

Како дел од прелиминарната истрага, Комисијата испрати барања за учесниците на пазарот, додаде Вестагер.

Амазон веќе е во центар на внимание поради привилегираниот договор за оданочување со Луксембург.

Комисијата нареди овој малопродажен онлајн гигант да плати околу 250 милиони евра. Амазон се пожали на одлуката. Ако тој ја добие тужбата, парите ќе му бидат вратени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП