13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајскапите фудбалски трансфери

Најскапите фудбалски трансфери

parifudbal

Имајќи ги во предвид парите кои се вртат во оваа игра, фудбалот најверојатно е најпопуларниот спорт во светот. Во најголем процент од тие пари се користат да се инвестира во фудбалери. Постојат два прелазни рока (летен и зимски) и тоа е времето кога се случуваат најголемите продажби и купувања на играчите. Кога условите меѓу двата клуба се договорите, играчот ги менува клубските бои.

Па поради тоа ќе ви ги претставиме некои од најскапите трансфери во историјата на фудбалот кои се имаат случено досега.

10. Радамел Фалкао од Порто во Атлетико Мадрид (47 милиони евра).

FALCAO-9-600x391

Колумбиецот последните три години ги фасцинираше сите љубители на фудбалот на Стариот континент. Порто го купи за 4 милиони, а го продаде за 47 милиони евра. Тој играше две години за португалскиот клуб и со одличните игри во домашното првенство и Европа, Фалкао си ја зголеми својата пазарна цена за скоро 12 пати. Во својата прва сезона за Атлетико Мадрид постигна 36 гола и стана првиот играч во историјата кој со два различни клуба дошол до титулата во Лига Европа.

9. Гаиска Мендиета од Валенсија во Лацио (48 милиони евра)

mendiata

Имајќи го во предвид потенцијалот со кој располагаше Мендиета, неговата кариера претставува најголемо разочарување во фудбалската историја. За време на престојот во Валенсија ги импресионираше сите со своите неверојатни додавања и дриблинзи. Но за жал не успеа да ја одржи формата во Лацио. По само една година во Рим, тој беше позајмен во Барселона, па потоа во Мидлсборо и на крај да биде продаден за многу мала сума во овој англиски тим.

8. Џиџи Буфон од Парма во Јувентус (54.2 милиони евра)

bufon

Буфон е еден од најдобрите италијански и светски голмани во последните 20 години. Беше купен со дел од парите кои Јувентус ги доби за Зинедин Зидан. Буфон е еден од играчите кој со своите одбрани му помогна на Јувентус да стане доминантна сила во Серија А на крајот на деведесетите години и почетокот на 21-от век. Тој со „старата-дама“ дојде до неколку титлуи во Италија, Лигата на шампионите, а со националниот тим се закити со титулта светски шампион.

7. Ернан Креспо од Парма во Лацио (55 милиони евра)

krespo

Играјќи за пет тима во Серија А, Ернан Креспо важи за еден од најпознатите фудбалери во Италија во последните 15 години. Блескаше во дресот на Парма каде постигна 62 гола на 116 средби. Неговите фантастични игри ги забележа Лацио кој тогаш го купи за рекордна сума од 55 милиони евра. Во својата прва сезона за римскиот тим, Аргентинецот стана најдобар стрелец во лигата. И покрај бројните повреди, Креспо секогаш им задаваше големи проблеми на противничките голмани.

6. Фернандо Торес од Ливерпул во Челзи (58.5 милиони евра)

Fernando_Torres_1816070c

Постигна 65 гола во 102 настапи за Ливерпул. Со преминувањето во Челзи се поклопија амбициите на Шпанецот со тие на тимот. Иако беше далеку од фантастична форма Торес со Челзи дојде до ФА Купот, Лигата на шампионите и Лига Европа. Со постигнатите 9 гола во 49 средби Торес не ги оправда вложените пари. Меѓутоа симпатизерите на Челзи се уште се надеваат дека Шпанецот ќе ја достигне формата која ја имаше во Ливерпул.

5. Луис Фиго од Барселона во Реал Мадрид (58.5 милиони евра)

figo

Луис Фиго е еден од најдобрите португласки фудбалери на сите времиња. Во 1995-та година Барса го купи за 3 милиони евра, а Португалецот под тренерската палка на Јохан Кројф за пет години колку што беше во каталонскиот клуб стана најдоброто крило во светот. Во еден од најшокантните трансфери во тоа време, Фиго премина од редовите на Барселона во Реал Мадрид за сума од 58.5 милиони евра. Навивачите на каталонската екипа никогаш не му го простија ова неверство.

4. Кака од Милан во Реал Мадрид (65 милиони евра)

kaka

Овој неверојатен Бразилец беше многу разочаран кога неговиот тогашен клуб одлучи да се откаже од него и да го продаде во Реал. Со Милан го освои италијанското првенство, Лигата на шампионите, двапати европскиот Суперкуп, италијанскиот Суперкуп, титулата светски клупски првак. Навивачите на „росонерите“ го сметаа за жива легенда. Според некои информации Мачестер Сити му понудил 100 милиони евра на Милан, но симпатизерите на клубот го спречиле трансферот. Кака на крајот за многу помала сума премина во Реал. Бројните повреди на овој волшебник од Бразил не му дозволија да го покаже својот потенцијал во дресот на „кралевите“.

3. Златан Ибрахимовиќ од Интер во Барселона (69.5 милиони евра)

ibraaa

Ибрахимовиќ е еден од најплатените играчи на сите времиња. Клубовите за него досега потрошиле дури 171.5 милиони евра. Во 2009-та година Браса плати 45 милиони евра и го прати Ето за да дојде до услугите на Швеѓанецот. Тој добро ја почна кариерата на „Ноу Камп“ постигнувајќи седум гола на исто толку средби, а сезоната ја заврши со 16 погодоци на 19 натпревари. Недоразбирањата со Пеп Гвардиола беа доволни тој да си замине на крајот од сезоната и да се пресели во Милан.

2. Зинендин Зидан од Јувентус во Реал Мадрид (73.5 милиони евра)

zidane5

Многу експерти на фудбалската игра сметаат дека Французинот е најдобриот играч на сите времиња. Зи-зу беше вистински магионичар на теренот. Откако со Јуве освои скоро се, Реал Мадрид беше неговата следна дестинација. Во 2001-та премина во кралскиот клуб и веднаш дојде до титулата во првенството и Лигата на шампионите.

1. Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид (94 милиони евра)

cristiano-ronaldo-is-a-real-madrid-player-24

Реал Мадрид нема проблем да го одврзе кесето кога е во прашање доведување на некој играч. Португлецот две години се мислеше и на крајот одлучи во 2009-та година да замине за Мадрид за рекордна сума од 94 милиони евра. Со сигурност може да се каже дека вреди секој цент што е потрошен за неговото доаѓање. Постигна 112 гола на 103 средби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП