Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Промовирана книгата „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“ од Венко Андоновски

Време: 19:07

Датум: септември 14, 2018

Категорија: КУЛТУРА

Во Стопанската комора на Македонија, во Скопје, во присуство на претседателот на владата Зоран Заев, заменик премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, градоначалници, академици, директори, банкари и видни личности од бизнис заедницата, политичкиот, општествениот и јавниот живот, денес беше промовирана книгата „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“, најново дело на истакнатиот македонски писател Венко Андоновски.

Книгата, уникатна по тоа што за прв пат донесува компаративна филозофска анализа на местото на македонската во однос на светската филантропија, преку примерот на познатиот бизнисмен и филантроп проф. д-р Ванчо Чифлиганец, основач и генерален директор на градежната компанија Адора инженеринг, на 500 страници текст со богата илустрација, дава оригинален приказ на зачетоците, мотивите,  развојот и оставштината што овој наш современ филантроп ја остави за за општеството.

Авторот Андоновски, анализирајќи ги Бил Гејтс ( основачот на „Мајкрософт“ ), Марк Закерберг ( основачот на „Фејсбук“ ) и други познати светски филантропи, во книгата истакнува дека наспроти глобалниот филантрокапитализам, нашата македонска филантропија, низ примерот на Чифлиганец, покажува еден нов феномен на повеќе „капиларни“ невидливи, филантропски дарувања за помагање на клетките и ткивото на општеството. Чифлиганец, кој многупати подвлекол дека филантропијата не се учи, туку прави, со срце и душа, за 16 години, преку Адора инженеринг и Фондацијата што го носи неговото име, за заедницата издвоил повеќе од 3,5 милиони евра.

Книгата, според која темелите на филантропијата на Чифлиганец во неговите детски години се солидарноста и хуманоста на неговото скромно семејство во родното Раклиш, дава приказ на човекољубието на овој современ филантроп преку безброј хумани активности за бездомниците, социјално загрозените, болните, студентите, вработените, спортот, науката, културата, општините, граѓаните и општеството во целина.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец на промоцијата на книгата за неговата филантропија даде одговор на прашањето што треба да ни биде прозорец во животот, материјалното по кое трчаме секојдневно, или духовното кое како сенка трча по нас барајќи да бидеме почовечни, праќајќи силна порака до младите и сите генерации да се напреваруваме во правење добрина, затоа што тоа според него е највисокиот морален, човечки чин.

За книгата и филантропскиот лик на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, на промоцијата зборуваа Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, Академик Владо Камбовски, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Блажо Боев, дописен член на МАНУ и авторот Венко Андоновски.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Во март македонска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

    Во март македонска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

    Домаќин на македонската премиера на филмот на Теона Стругар-Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 15 март ќе биде градското кино „Милениум“ во Скопје.…

  • Суперхикс со новото видео и сингл „Модерна љубов“ се враќаат назад кон корените(видео)

    Суперхикс со новото видео и сингл „Модерна љубов“ се враќаат назад кон корените(видео)

    Суперхикс на 3-ти март 2019 година во МКЦ, Скопје, на свој начин ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар…

  • Подгответе ги боичките, започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна

    Подгответе ги боичките, започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна

    Започна добро познатиот детски ликовен конкурс на Ладна, кој првонаградените заедно со нивните семејства ќе ги однесе во престолнината на Франција, градот Париз и тоа…

  • Дејвид Гарет за првпат со својата кросовер-програма во Македонија

    Дејвид Гарет за првпат со својата кросовер-програма во Македонија

    Дејвид Гарет со неговиот албум UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE објавува нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10-годишнина од неговите кросовер-изведби. Одговарајќи на…

  • Лоба ќе ви даде вистинска Воздишка со новиот спот од вулканаската плажа на Санторини(фото+видео)

    Лоба ќе ви даде вистинска Воздишка со новиот спот од вулканаската плажа на Санторини(фото+видео)

    Воздишка е новиот видео запис на Викторија Лоба кој се промовираше премиерно на нејзиниот Youtube канал, снимен на познатата вулканска плажа White Beach на островот…

  • Петрунија со две престижни награди на Берлинале

    Петрунија со две престижни награди на Берлинале

    “Ecumenical Jury Award” и “Guild Film Prize” во рацете на Теона Стругар Митевска На денешната церемонија за доделување награди од независни жири комисии во рамки…

  • Балетската претстава „Ана Каренина“ на 22 февруари во МОБ

    Балетската претстава „Ана Каренина“ на 22 февруари во МОБ

    Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе биде прикажан на сцената на МОБ на 22 февруари…

  • Одложени повеќе концерти поради деновите на жалост

    Одложени повеќе концерти поради деновите на жалост

    Одложени се повеќе настани, поради тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубија најмалку 14 лица. Од Македонската филхармонија информираа дека концертот „Моја љубов“, којшто…

  • „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со одлични критики од меѓународниот печат

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со одлични критики од меѓународниот печат

    „Филмска комета од Македонија“, „Актерка која го освојува срцето“, „Неизмерно моќна сатирична драма“, „Тотален успех“, „Воодушевување за публиката“ – се само дел од светските критики…

  • 15 музичари од регионот со заедничка музика ќе настапат во МКЦ

    15 музичари од регионот со заедничка музика ќе настапат во МКЦ

    На 17 февруари, 15 музичари од Македонија, Косово, Албанија, Србија и Хрватска нивната заедничка музика ќе ја претстават пред македонската публика во МКЦ. OneBeat Balkans…