29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечерва во 21:00 часот се отвора петтото издание на саемот на уметност...

Вечерва во 21:00 часот се отвора петтото издание на саемот на уметност Ин Ситу

Меѓународниот саем на уметност Ин Ситу ќе се одржи по петти пат од 13 – 15 септември во Младинскиот културен центар – Скопје.

На отворањето закажано за вечерва, четврток 13 септември во 21:00 часот на платото на МКЦ публиката ќе има можност да проследи содржини од трите програмски категории на саемот: визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Овогодишната ликовна поставка на саемот е курирана од Ана Франговска, поставката за дизајн ја курира Драган Христов додека куратори на програмата за архитектура се Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.

Оваа година саемот ќе претстави повеќе од 60 автори учесници со потекло од 10 земји учесници, како и две предавања од областа на архитектурата на Фала ателје од Порто, Португалија и ФАКТ од Берлин, Германија.

Жири комисијата во која оваа година членуваат Небојша Вилиќ, Ана Ивановска Дескова и Мартин Штефенс (Берлин) ќе награди двајца учесници од ликовната поставка со учество на фестивалот за уметност „ 48 Stunden Neukölln“ (https://48-stunden-neukoelln.de/).

По официјалното отворање следува диџеј сет на  Зоки Бејбе и белградскиот диџеј 33.10.3402 – Ненад Марковиќ.

Влезот е бесплатен, a саемот е од продажен карактер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП