3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАSarah Mace најави нова песна и видео во етерот!

Sarah Mace најави нова песна и видео во етерот!

“Црна капина” од проектот Floating through space with Sarah Mace во ново и нетипично анимационо руво!

Sarah за “Црна капина“, „Песнава е според мене една од најубавите на албумот Floating through space with Sarah Mace….

Не е комерцијална, ама чудесна е. Во постојано движење со телото на слушателот, од почеток до крај пулсира во тебе…. ова е песна започната како идеја на бубњарот (во случајот и автор, Александар Ванчовски) и мислам дека тоа бубњарско влијание се чувствува цело време дур трае песнава, а можеби дури и после тоа :).“.

Видеото претставува модерен пристап на едноставна анимација на урбани елементи и одредени традиционални симболи (следејќи го текстот на песната), дел од нив се цртежи нацртани од Дарко Петковски, збогатени и дополнети со живописни нијанси и скеч техника. Потпишана зад неговата реализација од А до Ш стои Љупка Андоновска.

Видеото на “Црна капина“:

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП