19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал клекна на колена пред Роналдо!

Реал клекна на колена пред Роналдо!

ronaldo calma

Одбиваше да преговара, па сериозно го исплаши  Реал, но сега веќе нема дилеми, Кристијано Роналдо за 20 милиони евра по сезона останува во Мадрид.

Португалецот несакаше да збори за договорот, а пак во текот на сезоната не одговараше на повиците да преговара. Се му препушти на својот агент Мендеш неотстапувајќи од планот да стане најплатениот фудбалер во светот.

Многумина сметаат дека не се во прашање парите, туку престижот да биде поплатен од Лео Меси.

Па така Роналдо ќе добие двојно повеќе од тоа што го заработуваше пред четири години кога стана најскап. Трансферот изнесуваше 90 милиони евра, но тој беше и најскапо платен играч со 10 милиони по сезона.

Појавувањето на тајкуните и арапските пари многу бргу го симнаа од тронот и тој дури се најде надвор од Топ 10.

Роналдо има договор до 2015-та година, па така ова е последен момент тој да го продолжи. Се споменува враќање во Јунајтед, но и ПСЖ и Монако се вмешаа за неговиот потпис. Го „печеше“ Реал на тивок оган и на крајот се избори за тоа што го сакаше.

Флорентино Перез се прифати, па така Роналдо ќе го продолжи договорот до 2018-та година, а ќе заработува по 20 милиони евра по сезона. Со тоа тој ќе стане најплатениот во светот, иако скоро толку заработува и Самуел Ето во Анжи, но тоа неможе да се спореди.

Во Шпанија дури пресметаа дека договорот со Португалецот Реал ќе го чини астрономски 166 милиони евра во наредните пет години. Од тоа поголем дел ќе му припаднат на Кристијано, а остатокот на име на данок.

Меси сега е втор со 18 милиони по сезона, потоа следи Ибра кој заработува 15 милиони, Руни е четврти со 14, а зад водечките се најдоа Јаја Туре со 13, Агуеро со 12.5, Силва со 12 и Торес со нешто помалку од 11 милиони.

Што се однесува до маркетинг правата Кристијано и Реал ќе имаат по 40 проценти од приходите, а 20 проценти ќе земе агенцијата „Gestifute“ која е на агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш. Сега „кралевите“ ќе се откажат од уште 20 проценти во корист на Португалецот со што тој значително ќе ја зголеми својата заработувчка надвор од теренот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП