Фреди Меркур и официјално е прогласен за најдобар пејач на сите времиња.
Група австриски, чешки и шведски научници спроведе студија што беше објавена во списанието „Логопедикс фонијатрикс воколоџи“. Иако не го тестираа урбаниот мит според кој Меркјури имаше опсег на гласот од четири октави, открија уште поинтересни факти за гласот на легендарниот пејач.
Пред сè, иако бил познат како тенор, тој всушност бил поблиску до баритон. Тимот на научници го засновал ова преку шесте интервјуа што ги дал фронтменот на „Квин“, кои открија дека просечната фреквенција на неговиот глас е 117,3 Hz, пишува Унилад.
Тие заклучиле дека гласните жици на Фреди едноставно се движеле побрзо отколку кај другите луѓе. На пример, додека типичниот вибрато се движи со фреквенција меѓу 5,4 Hz и 6,9 Hz, кај Меркјури се движел околу 7,04 Hz.