24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing ќе произведува беспилотни летала за американскaта морнарица

Boeing ќе произведува беспилотни летала за американскaта морнарица

Американскиот производител на авиони „Boeing“ објави дека склучил договор со американската морнарица за производство на нов модел на дронови наречени „Stringray“.

Ова е можност за „Boeing“ да го ограничи падот на продажбата на одделот за одбранбена опрема во последниве години, објави „Wall Street Journal“.

Во четвртокот, Пентагон објави дека по конкурсот, го избрале „Boeing“ пред две други компании за производство беспилотните летала од моделот „MQ25-A Stringray“. Беспилотните летала ќе летаат од носачите на авиони на американската морнарица.

Аналитичарите веруваат дека оваа програма може да и даде на американската авиокомпанија предност во развојот на автономни системи за воени операции.

„Boeing“ не го доби подобрување од конкурсот во 2011-та година, кога склучи договор со Пентагон за да произведува воздушни танкери. Авијациската компанија се натпреваруваше со „Lockheed Martin“ и „General Atomics“ во договорот за дроновите „Stringray“.

Проектот е вреден 805 милиони долари, што се очекува да се зголеми на 13 милијарди долари подоцна, поради дополнителните нарачки од 72 беспилотни летала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП