23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзиот McLaren ќе развие над 1.000 коњи

Најбрзиот McLaren ќе развие над 1.000 коњи

Најбрзиот модел во историјата на „McLaren“ – „Speedtail“, ќе добие хибриден агрегат со моќност од над 1.000 КС. Во неговата основа ќе биде твин-турбо V8 моторот кој се користи од страна на „McLaren 570S GT4“, но генерално системот ќе биде поразличен од оној на „P1“. Ова беше најавено од страна за „Top Gear“ од шеф на британскиот бренд Мајк Флит.

Идниниот „McLaren Speedtail“ е позициониран како идеолошки наследник на легендата „F1“. Моделот ќе стане дел од топ-серијата на британскиот производител „Ultimate Series“ каде веќе влегуваат суперхибридот „P1“ и екстремниот хиперавтомобил „Senna“. Од нив „Speedtail“ ќе се разликува по формулата на кабината – 1 + 2 седишта и неговата уникатна аеродинамика.

По претходни информации, новиот модел ќе може да развива максимална брзина од над 391 км/ч, но од зборовите на Флит станува јасно дека компанијата нема никакви намери да брка рекорди за брзина и да се натпреварува со „Koenigsegg“ или „Hennessey“. Наместо тоа, инженерите на „McLaren“ ќе се фокусираат на создавање на хиперавтомобил за комфорно и удобно возење.

Од „McLaren Speedtail“ ќе бидат произведени 106 единици, од кои сите се веќе продадени. Минималната цена на автомобилот е 1,6 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП