20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на првата македонска еротска комедија „Мејкинг оф“

Премиера на првата македонска еротска комедија „Мејкинг оф“

Премиерата на првиот македонски филм во жанрот еротска комедија „Мејкинг оф“ ќе се одржи на 6 септември во 20.30 часот во киносалата „Синеплекс“.

Филмот е проект на продуцентската куќа „Аурипигмент“ од Скопје, а е работен според сценарио и режија на м-р Кузман Кузмановски. „Мејкинг оф“ ќе го продолжи својот прикажувачки живот по 6 септември на редовниот репертоар во „Синеплекс“ и во киносалите во Македонија.

Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.

„Мејкинг оф“ е вистинска приказна за урбаното живеење во метропола каква што е Скопје. Главни ликови се Соња, Продуцентот, Гратисот и Режисерот. Сите имаат различна мотивација – зошто сакаат да го снимат филмот. Испреплетени се во страсни врски и целата младешка енергија подгреана од асфалтот ја насочуваат во сексот. Но, дали е тоа доволно? Од филмот ќе откриете дали во тој општ галиматијас има место за љубов“, вели режисерот Кузмановски.

Кинематографер на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички , Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков ,Пирунка Киселички, Мартин Минговски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП