29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали по 40 години ја дочекавме новата Лада Нива (фото+видео)

Дали по 40 години ја дочекавме новата Лада Нива (фото+видео)

Руската автомобилска компанија „АвтоВаз“ го претстави долгоочекуваниот претходник на новата „Нива“. Концептот „LADA 4×4 Vision“ дебитираше на саемот во Москва.

Дизајнот на „SUV“-то со три врати е направен во „X-Style“ на компанијата. Главниот дизајнер на „Автоваз“, Стив Матин, истакна дека автомобилот изгледа динамичен и „мускулест“. Треба да се напомене дека „X“-дизајнот може да се употреби не само на предниот дел на автомобилот, туку исто така и на страните. „SUV“-от има уникатна решетка на ладилникот и сигналите за свртување се интегрирани во предниот браник.

Новата „LADA 4×4 Vision“ има 21-инчни тркала, панорамски покрив, „LED“ светла и висока криленс. И покрај значителните промени и модерниот дизајн, на теренецот сепак се забележуваат познатите црти од класичната „Нива“, која не се менувала веќе 40 години. Концептниот автомобил е опремен со дигитална инструментална табла со интегрирани офлајн и онлајн услуги. Во ентериерот доминира еко кожа и текстил.

За жал, техничките карактеристики на „LADA 4×4“ не беа откриени од страна на производителот. Само се знае дека серискиот наследник на концептниот автомобил ќе биде поставен на производната линија не порано од 2022-ра година.

По премиерата, на руските социјални мрежи имаше многу контроверзии околу автомобилот. Повеќето критики беа преземени од страна на футуристичкиот дизајн на новата „Нива“. Се забележува дека моделот го изгубил својот класичен изглед и сега е „еден од многуте прототипови, кои никогаш не влегле во сериско производство“.

И покрај фактот дека прототипот се уште е далеку од серискиот наследник, многу Руси веќе предвидуваат неуспех во неговата продажба. Тие сметаат дека производителот треба да посвети поголемо внимание на техничките параметри на своите модели, наместо да го „лепи“ секаде „Х“-стилот.

Покрај тоа, Русите веруваат дека оваа „Нива“ не е иста како и порано. Што води до прашањето за тоа каков „SUV“ ќе купи локалниот жител по 2022-ра – странски модел или новата „Lada 4×4“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП