11 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонскиот филм „Dogs of war“ на најголемиот натпревар за краткометражни филмови

Македонскиот филм „Dogs of war“ на најголемиот натпревар за краткометражни филмови

Македонскиот краткометражен филм „Dogs of War“ учествува на натпреварот за краткометражни филмови „My Rode Reel“. Во моментов е на 4. место од повеќе од 1.600 филмови и е единствен учесник од Македонија.

„Dogs of War“ е снимен на неколку локации низ Битола и моментално се наоѓа во тесна борба за првото место на интернационалниот филмски натпревар, организиран од компанијата RØDE. За да го поддржите во оваа трка за победник, може да гласате за филмот ТУКА.

„Dogs of War“ зборува за изборот помеѓу чесноста и материјализмот, користејќи ја приказната за еден разбојник, фатен ограбувајќи воена патрола, чиј единствен спас од ситуацијата е да го изманипулира својот поранешен колега. Изборот е очигледен и неминовен.

Зад „Dogs of War“ стои актерската екипа составена од Алек Ѓорѓиески, Димитар Даневски и Елизабета Јованоска, текстот и режијата се на Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, филмската екипа е составена од Ѓорги Вацев, Игор Георгиоски, Ристо Алчинов, Христо Стојаноски, Кети Талевска, Христина Тренчевска и Симона Јосифовска, а екипата на статисти и помошници ја сочинуваат Христијан Српчански, Филип Каранфиловски и Ангела Српчанска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП