28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИкеа ги затвора продавниците во три норвешки градови

Икеа ги затвора продавниците во три норвешки градови

Шведскиот синџир продавници за мебел „Икеа“ во средата објави дека ќе ги затвори продавниците во три норвешки градови, со цел да ги намали трошоците во контекст на послабиот профит во изминатиот период.

Продавниците во Осло, Алесунд и Тромсоа беа отворени во 2015 и 2016 година, како дел од глобалната пилот-програма со која шведската компанија сакаше да ја тестира реакцијата на клиентите на алтернативни решенија за воспоставениот модел на големи центри на периферијата на градот.

Со затворањето на овие продавници, компанијата сака да ги намали трошоците во Норвешка за 10 отсто за да го зголеми профитот, а на работниците ќе им бидат понудени места во други продавници, се вели во соопштението.

Како дел од тригодишната програма за адаптација на бизнис-моделот, тие најавија подобра понуда преку интернет и пократко време за испорака за да привлечат повеќе клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП