3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTiffany ги зголеми прогнозите по одличните перформанси во Северна и Јужна Америка

Tiffany ги зголеми прогнозите по одличните перформанси во Северна и Јужна Америка

Трговецот на накит на мало „Tiffany & Co.“ ги надмина проценките за добивката и приходите за кварталот и ја зголеми прогнозата за годишната добивка во вторникот, откако регистрира зголемена продажба на накит во Кина и Северна и Јужна Америка, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на „Tiffany“ поскапеа за речиси 5% во берзанската трговија, откако компанијата соопшти дека очекува годишната заработка по акција да биде помеѓу 4,65 и 4,80 долари во однос на претходните насоки за 4,50-4,70 долари по акција.

Нето приходите од продажба од Северна и Јужна Америка, кои формираат речиси половина од вкупната продажба на компанијата, се зголемиле за 8% до 475 милиони долари, поддржани од повисоките трошоци, распределни од локалните корисници.

Растот во Кина доведе до 28-процентно зголемување на продажбата во азиско-пацифичкиот регион.

При постојани девизни курсеви споредливата продажба се зголемија за 7%. Аналитичарите во просек очекуваа раст од 5,73%, посочува „Thomson Reuters“.

Нето добивката на компанијата се зголеми до 144,7 милиони долари, или 1,17 долари по акција, во второто тримесечје до 31-ти јули, од 115 милиони долари, или 92 центи по акција, една година порано.

Нето продажба исто така се зголеми – до 1,08 милијарди долари, од 959,7 милиони долари, надминувајќи ја средната оценка на аналитичарите за 1,04 милијарди долари.

Без еднократните ефекти профитот на „Tiffany“ изнесува 1,17 долари по акција, додека „Wall Street“ очекуваше 1,01 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП