28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКамерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан

Од 3 до 9 септември, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе гостува во Казахстан, каде што ќе одржи два концерти во Алмати (5 септември) и Астана (7 септември).

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе го предводи македонскиот диригент, маестро Борјан Цанев, а како солист ќе настапи концерт-мајсторот на Македонската филхармонија, истакнатата виолинистка Ана Кондратенко. На програмата ќе бидат изведени: „Дивертименто“ од Моцарт, свитата „Холберг“ од Григ, избор од двете дела „Четири годишни времиња“ од Вивалди и Пјацола, како и македонското дело „Капричо“ од Драган Шуплевски.

„Ми претставува чест и задоволство што со напорната работа во едногодишниот период и нашето внимание кон презентација на Македонската филхармонија надвор од границите на нашата држава, се разбира и како достоен репрезент на културата, да се претставиме за првпат во оваа земја Казахстан“, вели директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески.

Гостувањето се остварува со логистичка поддршка на aмбасадата на Република Македонија во Астана и амбасадорот Илија Псалтиров, а по повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември.

Додава дека ова гостување ќе биде всушност, еден предвесник на следните две големи турнеи кои Македонската филхармонија ќе ги оствари со симфонискиот оркестар во Шпанија и во Кина, но и предвесник на новата концертна сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП