2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера: Ferrari 488 Pista Spider (фото+видео)

Премиера: Ferrari 488 Pista Spider (фото+видео)

„Ferrari 488 Pista Spider“ неочекувано дебитираше во „Pebble Beach“, нудејќи им ги клиентите сите карактеристики на обичниот „Pista“, но без покрив за поголемо задоволство.

Италијанците уште не ги објавиле цената на моделот и дали ќе го произведуваат во ограничен тираж, како „Ferrari 16M Scuderia Spider“ и „Ferrari 458 Speciale Aperta“ пред него, но се очекува да биде малку поскап од купето.

Слично на купето „488 Pista“, „Pista Spider“ се управува од навистина брутален 3,8-литарски V8 со турбо кој обезбедува 711 КС и 770 Nm вртежен момент. Како резултат на тоа, кабриолетот забрзува од 100 км/ч за 2,85 секунди, исто како купето. Ако возачот имаат доволно простор, автомобилот може да достигне 200 км/ч од место во рамките на 8 секудни, со 0,4 сек побавно од купето, а максималната брзина му е 340 км/ч.

„Ferrari 488 Pista Spider“ има тежина од 1.377 килограми и е со околу 91 килограми потежок од кубето. Моделот се покажа како 50-тиот кабриолет во долгата и прекрасна приказна на италијанската марка и слично на „458 Speciale Aperta“ се разликува од купето со сините ленти по целата должина кои се совршен контраст на елегантната бела боја.

Клиентите на „488 Pista Spider“ ќе можат да избираат тркала од карбонски влакна за да ја компензираат за некој килограм зголемената тежина на автомобилот. Исто така, ќе има поевтини 20-инчни алуминиумски тркала.

Слично на купето „488 Pista“, верзијата „Spider“ може да се пофали со мноштво аеродинамични и стилиски промени во споредба со обичниот „488 GTB“. Основната меѓу овие модификации е ревидираната предница со повеќе истакнат сплитер и капак со масивен отвор за воздух. Освен тоа „Pista Spider“ има нови странични прагови, заден дифузер од карбон, а како опција се нудат двојни издувни цевки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП